1.МФЛ 2023/2024

Скопјани, ајде на стадион: Се игра градското дерби

Филип Здравески
/ 13.04.2024 / 12:21

В недела од 15 часот под скопското сонце на нашиот најголем стадион силите ќе ги одмерат старите скопски ривали Работнички и Вардар.

Од дербито во март во Маџари; Фото: ФК Работнички Скопје

Фудбалска класика во Скопје. Велат: „Скопје навива за Вардар“, а другите враќаат: „Ама Дебар Маало живее за Работнички“. Ривалството кое трае од 1951 година полека чекори кој стотката - овој натпревар ќе биде пресметка број 96 помеѓу вечните скопски ривали.

Фудбалска класика за скопјани

Вардар и Работнички прв пат се сретнале во рамките на втората југословенска лига во сезоната 1951. Тогаш фудбалските сезони се играле календарски и траеле една календарска година, од пролет до есен. Победил поискусниот и постар Работнички, со 2:1, натпревар кој бил инспирација за драмата „Два спрема еден“ на познатиот писател Васиљ Илоски, издадена наредната 1952 година.

Работнички како поискусен клуб, формиран 1937 година и од корен, за разлика од Вардар кој бил создаден во 1947 со фузија на познатите скопски клубови Победа и Македонија, со истиот резултат го добил и вториот натпревар таа 1951 сезона. Таа сезона Работнички изборил пласман во најдобрата југословенска лига, па дуелите со помладиот градски ривал се свеле на Купот на Маршал Тито каде во третата пресметка Вардар бил убедлив со 3:0 во сезоната 1952/1953, кога сезоните почнале да се играат од есен до пролет, како што е и ден денес.

Ако во 50-тите играле често, во 60-тите поради натпреварувањето во различни лиги се сретнале само еднаш и повторно во титовиот куп. Во 70-тите само две сезони играле во иста лига, во втората ју лига, а голем вакуум настанува по сезоната 1977/1978 кога Работнички и Вардар 30 години ќе бидат во различни лиги и ниту фортуната во куп натпреварувањата нема да ги состави.

По независноста првите пресметки доаѓаат во сезоната 1998/1999 кога Работнички влегува во 1.МФЛ. Оттогаш скопското дерби е редовно, освен последните сезони кога Вардар беше второлигаш.

Статистиката за Вардар

„Црвено-црните“ статистички се подобри од „Црвените“. Од досегашните 95 дуели Вардар победил на 38, а Работнички на 33, додека 24 пати играле нерешено. И гол-разликата е на страна на Вардар со 124:108.

Оваа сезона по трет пат ќе се соочат, а Вардар изненадувачки беше подобар во првите два дуела и тоа со идентични 1:0, бодови кои и тоа како му се важни во борбата за опстанок. Но, лошите резултати и Работнички го внесоа во таа борба, па затоа овој натпревар ќе биде исклучително важен и за двата табора.

Од првата историска пресметка двата ривала се сретнале во вкупно 7 различни натпреварувања и тоа: 2. Југословенска лига, Куп на Маршал Тито, 1. Југословенска лига, Четврта зона, 1.МФЛ, Куп на Македонија и Суперкуп на Македонија.

Конечно на Градски

Иако сезонава веќе играа двапати, ниту еднаш не одиграа на својот домашен терен на Националната арена „Тодор Проески“. Првиот пат во 11-тото коло во октомври Арената беше затворена поради реновирање на тревникот, па Работнички како домаќин играше на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, стадион кој Вардар и ден денес го користи за домашните натпревари. Навивачите на Вардар велат дека на овој црвено-црн тим повеќе му одговараат помалите димензии во Маџари, па не е изненадување што двапати досега го доби соседот кој, на хартија има подобар состав.

Сега Арената е подготвена, домаќин е Работнички, па скопското дерби конечно ќе се врати дома - каде што му е местото. А, од скопјани зависи колку полна ќе биде Арената. Домаќинот информираше дека за обичната публика ќе биде отворена јужната трибина, што значи дека силното сонце нема да ги грее скопјани бидејќи во тој период од денот Јужна е под сенка. Западната трибина Работнички ферски му ја отстапи на Вардар за неговите навивачи Комитите, кои треба да му дадат посебен шмек на дербито. За жал, одамна Работнички нема навивачка група откако се расформираа Романтичарите, а Легија V кратко траеше.

Картите ќе бидат достапни на денот на натпреварот од 12 часот на билетарницата на Градски, а се по багателна цела од само 100 денари. Да, така е - за стотче на дерби.

Ајде на стадион, играат Работнички и Вардар!

реклама
Сончево и релативно топло со умерена облачност

Сончево и релативно топло со умерена облачност

Read more
Вучиќ: Договорот меѓу Скопје и Атина е добра вест за целиот регион

Вучиќ: Договорот меѓу Скопје и Атина е добра вест за целиот регион

Read more
Премиерна изведба на симфонијата „Лос Анџелес“ од Арво Перт со Македонската филхармонија

Премиерна изведба на симфонијата „Лос Анџелес“ од Арво Перт со Македонската филхармонија

Read more
Руни: Сè ќе беше подобро со Гвардиола

Руни: Сè ќе беше подобро со Гвардиола

Read more

Фудбал

Пандев: Елмас донесе добра одлука што се врати во Серија А

Read more

Катастрофална вест за Арсенал: Хаверц мора на операција, ја заврши сезоната

Read more

УЕФА ги продава глобалните комерцијални права на американската агенција

Read more

Навивачите на Сити: Пораката „Престани да плачеш“ не е за Винисиус

Read more
 

Спорт

Пандев: Елмас донесе добра одлука што се врати во Серија А

Читај повеќе

Евролигата најавува промени, ќе се прошири на 20 екипи

Читај повеќе

Еурофарм Пелистер ќе учествува во премиерното издание на младинската Лига на шампиони

Читај повеќе

Катастрофална вест за Арсенал: Хаверц мора на операција, ја заврши сезоната

Читај повеќе

УЕФА ги продава глобалните комерцијални права на американската агенција

Читај повеќе
  • play_arrow

Навивачите на Сити: Пораката „Престани да плачеш“ не е за Винисиус

Читај повеќе

Винисиус: Противниците ме тепаат, а јас добивам жолти картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Пеп очаен по новиот пораз: Смешно е, не можам да се справам со ситуацијата

Читај повеќе

Шифрин и Џонсон златни во екипна комбинација на СП

Читај повеќе