СЕРИЈА А 2019/20

Славје во Рим, дерби победи на Рома и Лацио

Двете римски екипи синоќа забележаа тешки, но значајни победи во натпреварите против Милан и Фиорентина.

Прво Рома на „Олимпико“ го пречека Милан кој продолжува да тоне. Един Џеко во 38-мата минута го отвори резултат, а надеж за „Росонерите“ донесе израмнувачкиот погодок на Тео Ернандес десет минути по паузата.

Сепак, таа надеж траеше прекратко бидејќи само 4 минути подоцна вундеркиндот Николо Ѕаниоло постигна гол кој на крајот се покажа победнички.

Лацио имаше потешка задача од Рома бидејќи гостуваше во Фиренца. Хоакин Кореа донесе водство во 22-рата минута, а шест минути подоцна израмни Федерико Кјеза за ерупција на публиката.

Немаше голови сѐ до крајот кога голгетерот Чиро Имобиле ги замолкна присутните на „Артемио Франки“ со гол во 89-тата минута.

Длабоко со судиското надополнување Лацио доби и пенал откако Лука Раниери играше со рака, но ударот на Фелипе Каиседо беше одбранет од страна на Бартломјеј Дронговски.

По натпреварот, тренерот на Лацио Симоне Инѕаги изјави дека пеналот требало да го шутира Имобиле: „Каиседо е добар изведувач, бевме пред самиот крај, а Имобиле е нашиот специјалист за пенали. Самиот тој реши да шутира па и покрај промашувањето на крајот сепак добро се заврши“.

Со овие победи Рома и Лацио сега имаат по 16 односно 15 бодини и се 5-ти и 6-ти на табелата. Фиорентина е 9-та со 12 бода, додека Милан падна на 12-тото место со само 10.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе