Слободни околу 9.000 работни места во државава

Според податоците на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во моментов во државава има над 9.000 слободни работни места.

Најголем дел од нив се во Скопје, каде се огласени 5.132 слободни работни места, по што следуваат Штип со 485 и Куманово со 398 слободни работни места.

Најмалку огласени слободни работни места за вработување има во Ресен 4, во Крушево и Кратово по 2 и во Валандово едно работно место.

Најголем дел од огласените работни места се во преработувачката индустрија 1.849, и во трговијата 1.638. Во секторот административни и помошни услужни дејности има 962 работни места, а во транспорт и складирање 1.046.

Најмалку работни места има во јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување каде се слободни 14 работни места, и снабдување со електрична енергија, гас и пареа со огласени 4 слободни места.

Според податоците со кои располага Агенцијата, во моментов за овие огласени слободни работни места најбарани занимања се продавачи за кои има 669 и за општи работници 546 места. Се бараат и 349 келнери, 294 возачи на такси и 238 шивачи.

Слободни места има и за 199 програмери и за 99 инженери по информациски технологии, за 91 касиер, 90 готвачи, 84 возачи на автобуси, 84 административни службеници и за 79 техничари за помош на корисниците.

Според овие податоци, се бараат и 221 возач на камион, како и 213 возачи на товарни возила.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Бизнис

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе