Смартфоните се како дрога за децата: Дали ја поттикнувате нивната зависност?

Користењето смартфон има сличен ефект како и дрогата. Можеби ви звучи чудно и ужасно, ама тоа е суровата вистина. Да им давате на децата да си играат со смартфони е исто како да им давате дрога.

Терапевтка за зависност од Велика Британија го тврди ова откако спроведе истражување и заклучи дека расте зависноста од смартфони кај тинејџерите.

Милиони луѓе по цел ден скролаат на социјалните мрежи надевајќи се дека ќе најдат нешто „интересно“ на Instagram или на Facebook. Оваа навика може да се претвори во зависност исто како и пиењето алкохол или користењето дрога. Дали сте знаеле дека одвикнувањето од овие уреди покажува исти симптоми како и при лекување други зависности?

Ситуацијата веќе не е интересна, ниту смешна. Станува збор за зависност, а тоа е сериозна работа.

Професорката Џенифер Им од Универзитетот Кванвон во Јужна Кореја ги објави резултатите од студија за зависноста од смартфони. Во нејзината студија беа вклучени 2.000 12-годишни деца. Професорката објаснува дека оваа зависност може да се одрази на психичкото и физичкото здравје на децата, како и на успехот во училиште.

50% од тинејџерите постојано се со смартфон во рака

Разни истражувања покажале дека повеќе од 50% од тинејџерите се зависни од нивните смартфони и се свесни за тоа. Околу 84% од овие тинејџери рекле дека не би можеле да поминат цел ден без да го употребат својот смартфон.

Оваа зависност може да предизвика депресија, анксиозност, болка во вратот и зглобовите, нарушување на спиењето и чувство на несигурност.

Знаци на зависност од смартфон

Како да препознаете дека некој е зависен од нивниот телефон? Го проверуваат без некоја конкретна причина и се вознемирени ако телефонот не им е при рака. Дали знаете дека има луѓе кои се будат во текот на ноќта за да го проверат телефонот?

Оваа зависност се лекува како и сите други зависности и „пациентите“ се соочуваат со гнев, депресија, тензија и немир.

Родителите им даваат пример на децата

Според журналот Paediatrics Child Health, родителите им даваат најголем пример на децата. Родителите се тие кои можат да го спречат развојот на оваа зависност со еден многу едноставен чекор: Престанете да го користите смартфонот толку многу во текот на денот. Ако децата не ве гледаат со телефонот во раце цело време, тоа е совршен пример. Исто така, воведете правило дека нема да се носат мобилни телефони и други уреди на трпезариската маса за време на семејни оброци.

Професорите Џин Твенџ и Кит Кембел од Државниот универзитет Сан Диего собирале податоци од 40.000 деца во САД на возраст од 2 до 17 години. Резултатите покажаа дека времето што децата го поминуваат на социјални мрежи или во гледање видеа на електронски уреди влијае на нивната емотивна добросостојба.

Околу половина од децата кои користат смартфон два или повеќе часа дневно се понестрпливи и избувливи и не може лесно да се смират.

Поминувањето часови со смартфонот во рака ги прави тинејџерите понервозни, дрски и помалку љубопитни. Да не спомнуваме дека ги прави помалку дружељубиви.

Ограничете го користењето на смартфони и други уреди

Децата до пет години може да користат смартфон или таблет најмногу еден час дневно. Деца на школска возраст и тинејџери може да поминуваат вкупно до два часа дневно на нивните смартфони и слични уреди.

Смартфоните прават поголема штета отколку што се корисни и за жал некои родители не го согледуваат, ниту признаваат тоа. Да, корисни се за да бидеме во контакт, но претераното користење може да ги направи луѓето анксиозни и депримирани. Ограничете го времето што вашето дете го поминува пред екран, а тоа правило почитувајте го и вие.

Едноставно, нели?

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе