Смена на гигантите: Xiaomi го престигна Apple

Кинеската компанија Xiaomi стана третиот најголем продавач на смартфони во светот во кварталот јули-септември, потиснувајќи го американскиот технолошки гигант Apple од таа позиција.

Така, за прв пат во последните 10 години, компанијата од Купертино отпадна од друштвото на водечката глобална тројка во производството и продажбата на смартфони.

Сите три први места според производството и продажбата на паметни телефони во светот сега ги имаат компании од Азија, според извештаите на трите главни провајдери на податоци од тој пазар.

Според извештајот на Counterpoint, Xiaomi забележа скок од 46% во испораките во наведениот квартал, а Apple пад од 7% во споредба со 2019 година.

Во извештајот на Kanalisa, пак, се наведува дека Apple ја намали продажбата за само 1%, а Xiaomi ја зголеми за 45% во споредба со истиот период минатата година, додека IDC соопшти дека испораките на Apple паднале за повеќе од 10%, додека на Xiaomi се зголемиле за 42%.

Пресвртницата за Xiaomi доаѓа во ситуација кога глобалната индустрија за смартфони забележа пад од 4% во третиот квартал, бидејќи многу клиенти се воздржаа од купување нов телефон додека го чекаа првиот 5G iPhone.

Xiaomi „профитираше“ и од проблемите со кои се соочува нејзиниот најголем домашен ривал, Huawei, кој беше потресен на странскиот пазар од американските санкции. Јужнокорејскиот Samsung се врати на првото место според продажбата на телефони во третиот квартал, престигнувајќи го Huawei, кој ја помина таа позиција во вториот квартал.

Според IDC, Samsung продал 80,4 милиони телефони во преиодот јули-септември, Huawei 51,9 милиони, Xiaomi 46,5 милиони и Apple 41,6 милиони.

URL
Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Вести

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе