Снимка од дрон открива: Морничавиот Чернобил стана уште поморничав
Поминаа 33 години откако украинскиот град Припјат стана град на духовите. Низа експлозии во нуклеарната електрана Чернобил резултираа во една од најголемите еколошки катастрофи во историјата. На YouTube е објавена снимка од напуштениот град, направена со дрон.
Снимени се морничави глетки од празните згради, болници, уништени и заборавени забавни паркови. Морничавиот Чернобил сè уште привлекува внимание, можеби и поради големиот интерес за серијата „Chernobyl“ која станува сè повеќе популарна.