Со Франција беше шампион во 1998, сега продава базени: Не мора да бидам пред камера за да постојам

Стефан Гивар, францускиот фудбалер кој важеше за еден од најефикасните напаѓачи во Европа во 90-тите и кој го освои Мундијалот со Франција во 1998 година, откако се повлече од фудбалот заработува за живот како продавач на базени.

53-годишниот поранешен играч, кој ги закачи копачките во 2002 година, го сврте својот живот како продавач на базени за Tanguy Piscines Bretagne, компанија на негов пријател во неговиот роден град Конкарно во Бретања, на северозападот од Франција.

„Продавам базени веќе 17 години. Газда на компанијата е мој пријател, кој ми кажа дека размислувал да формира оддел за базени и барал претставник за продажба. Бидејќи тогаш бев невработен, му реков дека ќе му помогнам и 17 години подоцна сѐ уште работам со него“, објаснува Гивар за RMC.

Францускиот напаѓач, за кого Њукасл му плати 8 милиони марки на Оксер во 1998 година, признава дека води мирен живот.

„Не мора постојано да барам да бидам пред камера или микрофон за да постојам“, сликовито објасни тој.

За неговиот начин на живот како продавач на базени, Стефан Гивар вели:

„Патувам цел ден, сѐ ми оди многу добро, а навечер се враќам дома“.

URL

Гивар, кој одигра 14 натпревари за Франција, во текот на својата кариера играше за Брест, Генгам, Оксер, Рен, Њукасл Јунајтед и Ренџерс.

По повлекувањето од професионалниот фудбал, во 2008 година дебитираше како тренер во француската аматерска екипа Трегунк, а се појави и како коментатор на Canal+.

Гивар претставуваше голем проблем за коментаторите на Мундијалот 1998 поради неговото необично презиме Guivarc'h. Тоа беше така бидејќи тој е всушност етнички Бретонец, па оттаму и презимето му е бретонско, а не француско. Бретонскиот јазик припаѓа на групата келтски јазици, за разлика од францускиот кој е во групата романски јазици. И самите Французи до ден денес не се сигурни како е правилно, а најчесто го викаат Гивар и Гиварш. На бретонскиот јазик изговорот е Гуиварх.

Гивар пред своето работно место
Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more
 

Спорт

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе