Собни растенија што можат да бидат токсични

Секој простор се разубавува кога во него ќе се внесат цвеќиња и други растенија. Речиси и да не постои дом во кој нема барем некое собно растение. Освен нивната убавина, тие можат да бидат корисни на многу начини. Но, човек треба да биде внимателен при одбирањето на собните растенија. Некои видови имаат отровни делови, некои испуштаат јаглероден диоксид, или имаат силен мирис што може да влијае на менталната состојба.

Најопасни билки се: азалеја, кливија, еуфорбија мили (божји трн), монстера, хортензија, бровалија, глориоса, филодендрон, олеандер, кротон и дифенбахија. За жал, токму овие билки многу често се пристутни во домовите. Тие се вистинска закана, особено за малите деца.

Сокот од глориосата е многу поопасен за децата, бидејќи ако влезе во организмот на детето (на пр. детето да гризне лист) стимулира опаѓање на косата и ги напаѓа бубрезите.

Кливијата содржи ликорин, кој при високи дози може да предизвика парализа. Во мали дози може да предизвика труење и повраќање.

Дифенбахијата, многу убаво собно растение, исто така е опасна. Нејзиниот сок е отровен и може да предизвика сериозно труење кај децата, само при вкусување на нејзиниот вкус. И возрасните, исто така, можат да настрадаат и тоа со опекотини при сечењето листови или пупки.

Листовите на филодендронот содржат отровни киселини. Ако дете го проба нивниот вкус, може сериозно да се отруе.

Сокот на олеандерот предизвикува слепило, а неговиот мирис вртоглавица.

Значи, доколку имаште чести, а необјасниви главоболки или алергиски реакции, треба да обрнете внимание на билките што ги имате во вашиот дом, можеби проблемот е во нив.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе