Netflix го објави првиот тизер за претстојната минисерија Griselda, во која главната улога ја има прекрасната Софија Вергара, позната по ситкомот Modern Family.
Вергара е речиси непрепознатлива во улогата на Гризелда Бланко, колумбиска шверцерка на дрога, која многумина ја нарекуваат „Кралица на кокаинот“.
Бланко била позната по трговијата со кокаин во областа на Њујорк и Мајами, а оние кои имале можност да соработуваат со неа тврдат дека била поладна и понемилосрдна од Пабло Ескобар. Серијата ќе го прикаже нејзиниот живот и издигнување во светот на криминалното подземје.
Покрај Вергара, во актерската екипа се и Алберто Гуера, Алберто Аман, Кристијан Тапан, Диего Трухиљо, Паулина Давила, Габриел Слојер, Мартин Родригез, Хозе Зунига, Максимилијано Ернандез и Џулиет Рестрепо.
Креатори на серијата се Даг Миро, Ерикс Њуман, Карло Бернард, Ингрид Ескајед и Даг Миро, а режисер е Андрес Баиз. Њуман, Баиз и Бернард се познати по нивната работа на Narcos и Narcos: Mexico. Вергара работеше на развојот на серијата осум години, во соработка со извршниот продуцент Луис Балагуер и Latin World Entertainment.
Griselda ќе се состои од 6 епизоди и ќе има премиера на Netflix на 25 јануари 2025 година.