Сојузниците на НАТО се повлекуваат од Авганистан од 1 мај

Сојузниците на НАТО вчера соопштија дека одлучиле да започнат со повлекување на силите кои се во мисија во Авганистан од 1 мај за да го завршат „за неколку месеци“, се вели во соопштението на Алијансата.

Алијансата ја донесе одлуката на состанокот на министрите за надворешни работи и одбрана во средата вечерта.

„Сојузниците одлучија дека ќе започнеме со повлекување на силите на мисијата ‘Одлучна поддршка’ од 1 мај. Тоа повлекување ќе биде уредно, координирано и промислено. Предвидуваме дека повлекувањето на сите сили на САД и мисијата ќе заврши за неколку месеци“, се вели во соопштението по објавата на американскиот претседател Џо Бајден.

Бајден вчера соопшти дека американските сили ќе почнат да се повлекуваат од Авганистан на 1 мај и процесот ќе биде завршен до 11 септември оваа година, по повод дваесетгодишнината од нападот на кулите близначки во Њујорк.

Датумот 11 септември, 20-годишнината од нападот, не беше споменат во соопштението на НАТО.

„Секој напад на талибанците врз сојузничките трупи за време на повлекувањето ќе биде проследен со енергичен одговор“, предупредува НАТО во соопштението.

„Ние ќе продолжиме да го поддржуваме мировниот процес во Авганистан и ќе ја поддржуваме Истанбулската мировна конференција што ќе се одржи помеѓу 24 април и 4 март, како можност за унапредување на тој процес“, рекоа министрите за надворешни работи на 30 нации по видеоконференцијата на Алијансата.

Земјите кои се најмногу ангажирани во Авганистан се САД, Германија, Турција, Велика Британија и Италија.

Петте земји во операцијата „Одлучна поддршка“ распоредија 6.000 од 9.592 војници од 36 земји-членки на НАТО и партнери како што е Украина.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Свет

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Read more

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Read more

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе