Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Попладне ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 8. Минималната температура ќе биде 10, а максималната 35°C. Во Скопје температурата ќе се движи од 15 до 33°C.
Утре времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. УВ=8
За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места и во форма на невреме со појава на град. Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени.