Совет од искусна стјуардеса: Зошто на пат треба да носите самолеплива лента?

Американската стјуардеса Сиси (51), која споделува совети за летање и патување на нејзиниот профил на TikTok, сега сподели видео каде што открива зошто треба да понесете самолеплива лента на вашето следно патување.

Под објавата таа спомна дека самолепливата лента е скриеното оружје на секој патник - од поправање на пукнат куфер до порамнување панталони.

Во видеото таа наведе десет причини зошто треба да ја носите и покажа како може да ви користи. Напомена и дека самолепливата лента ја спасувала во безброј непредвидени ситуации на патувањата.

Меѓу десетте причини наведе:
  • лепливата лента спречува истекување на лосиони и течности;
  • можете да ја користите за да го означите куферот за полесно да го препознаете;
  • ако имате плускавец, можете да направите фластер со лентата и марамче;
  • ако сакате да спиете во целосна темнина, лентата може да се користи за покривање на предмети што емитуваат светлина;
  • за родители со мали деца, лентата може да се користи за покривање на штекери;
  • ако ременот на чантата ви е скинат, лентата може да ви помогне повторно да го споите;
  • може да ви помогне да го собере вишокот коса и ткаенина од облеката, но и трошки;
  • леплива лента може да помогне и со рабовите на панталоните кои се отпарале или едноставно ви се предолги;
  • ако ви се одлепи петата или ви пукне чевелот, можете да користите самолеплива лента за прва помош.
@ciciinthesky Duct tape: the traveler's secret weapon! From fixing broken luggage to hemming pants, it’s saved me in countless situations. What’s your duct tape travel story? Share below! 🌎✈️🧳#DuctTapeSavesTheDay #TravelHack #DuctTapeStories ♬ original sound - CiCi in the Sky
реклама

Живот

Едно масло и за кожа, и за коса: Подмладува, брише лузни, ја обновува сувата коса

Read more

Каде треба да стои филодендронот во вашиот дом за да привлекува љубов?

Read more

Како Уран во Близнаци oд 20 до 26 април влијае на секој хороскопски знак? 

Read more

Пролетно освежување: Како да го преуредите домот за малку пари?

Read more
 

Магазин

Фармацевтка објаснува зошто е опасно да пиете алкохол кога земате антибиотици

Читај повеќе

Едно масло и за кожа, и за коса: Подмладува, брише лузни, ја обновува сувата коса

Читај повеќе

Дали е безбедно да се земаат куркума и мед заедно?

Читај повеќе

Каде треба да стои филодендронот во вашиот дом за да привлекува љубов?

Читај повеќе

Како Уран во Близнаци oд 20 до 26 април влијае на секој хороскопски знак? 

Читај повеќе

Што се случува во телото ако јадете ист оброк секој ден?

Читај повеќе

Колку се здрави протеинските прашоци?

Читај повеќе

Ослободете се од болките во грбот: Десетминутната рутина што ќе ви го промени животот

Читај повеќе

Психолог тврди дека има едно нешто што ви треба повеќе во врската од љубовта

Читај повеќе