Совети како да го освежите сексот во текот на студените денови

Зимата е период кој може сериозно да влијае на вашата сексуална желба. Помалку витамин Д во текот на зимата значи полошо расположение кое често оди рака под рака и со низок сексуален нагон.

Мажите имаат повеќе тестостерон во есенските и во зимските месеци, со поголем број на сперматозоиди, додека жените се поплодни. Џиџи Енгл е секс експерт и вели дека сите имаме кочници и забрзувања кога станува збор за водењето љубов – работи кои нè одбиваат и работи кои нè возбудуваат.

„Секој секс и секоја доза на интерес се нормални. Нискиот сексуален нагон не е проблем освен ако вам лично не ви е проблем. Значењето кое сексот го има за луѓето и важноста се разликува од човек до човек“, објаснува таа за Metro.

Ако сакате да го зголемите сексуалниот нагон, постојат неколку начини за тоа.

Препознајте што ве привлекува, а што ве кочи

Со оглед на тоа што зимата нè подготвува за помалку секс, важно е да бидете свесни за сите фактори кои можат да придонесат за низок сексуален нагон. Џиџи објаснува дека постојат низ работи кои би можеле да го намалат сексуалниот нагон кај еден пар – од стрес на работа до проблеми со постигнување ерекција и други проблеми.

Исфрлете ја сексуалната хиерархија

Џиџи вели дека е важно да се сфати дека сексот не е само пенетрација.

„Имаме хиерархија на сексот која пенетрацијата ја става на врвот, а сè останато го смета за предигра“, вели Џиџи.

Советува дека секој секс е еднаков и ова може да се промени.

Сменете ги навиките

Пробајте нешто ново во креветот. Џиџи објаснува дека дури кога ќе почнеме да излегуваме со некој, често повеќе сакаме секс отколку нешто друго. Тоа обично го губиме како што напредува врската, а нашите сексуални нагони се враќаат во вообичаена состојба, но чувството на нешто ново може да се повтори.

Прифатете го тоа што го нуди зимата

Според експертите, зимата е совршено време за повторно распламтување на страстите, а исто така препорачуваат осветлување на темните, студени ноќи со употреба на свеќи.

Мала доза зимска романтика, не е лоша идеја, нели?

Тагови
реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Љубов и секс

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе