Спасовски: Се потврди дека Мијалков е во земјава, ангажираноста на МВР даде плод

„Целосната ангажираност и опсежност во потражните дејствија на МВР и другите институции и преземање на низа активности даде резултати. Денеска истакнав дека Мијалков е во земјава и дека очекувам успех за неколку часови„, изјави за МИА министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по појавувањето на Сашо Мијалков пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал.

Спасовски денеска на прес-конференција изјави дека според сите досегашни проценки и анализи екс директорот на УБК, Сашо Мијалков сè уште е во државата.

„Според сите наши анализи и проценки сметаме дека сè уште е во државата и дека не ја напуштил Република Северна Македонија. Дејствијата за потрага се во тек. Ако ние знаеме каде е Мијалков, веројатно ќе беше во притвор во истиот момент, меѓутоа сите анализи и проценки кои ги правиме врз основа на потражните дејствија и информациите кои ги добиваме, наша увереност е дека е во државата#, изјави Спасовски.

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, за, како што изјави, да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд.

Мијалков кажа дека дека не избегал, туку во текот на вчерашниот ден бил во излозација поради здравствени причини. Имал висока температура и симптоми на корона, а за ситуацијата што настанала околу него дознал утрово.

Тој им се извини на граѓаните, на премиерот, Владата и на сите други институции за непријатностите што биле предизвикани.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе