Спилберг: Филмовите на Netflix не треба да се борат за Оскар

Лос Анџелес, 24 март 2018 (МИА) - Масивното присуство на Netflix на мултимедијалниот пазар буди силни и контрадикторни чувства кај традиционалните претставници на филмската индустрија, бидејќи стриминг гигантот одбива да пушта филмови во кината пред да се појават во неговиот каталог.

Ова значи дека филмовите на Netflix, кои претендираат за престижни награди, имаат многу кратко деби, бидејќи повеќе кина одбиваат да пуштаат филмови кои се веќе достапни на интернет.

Според легендарниот режисер Стивен Спилберг, проекциите за само една недела не се доволни за филмот на Netflix да биде номиниран за Оскар.

„Мислам дека филмовите што имале симболична премиера во само неколку кино-сали за помалку од една недела не треба да се квалификуваат за награди на Академијата“, вели тој.

Спилберг признава дека модерната телевизија станала проблем за киното, слично како во 1950-тите кога луѓето почнале да гледаат од дома, бидејќи им било позабавно да останат со пријатели, отколку да одат во кино.

„Холивуд е навикнат да се натпреварува со телевизијата, но разликата денес е дека повеќето студија претпочитаат да направат само загарантирани високи буџетски хитови наместо да ризикуваат со помали филмови. Истите тие помали филмови, кои претходно биле редовно правени, денес одат во Amazon, Hulu и Netflix“, рече Спилберг.

Треба да се истакне дека политиката на Amazon e поинаква од онаа на Netflix и филмови како „The Big SIck “ и „Manchester by the Sea“, кои добија вистински кино-премиери пред да се појават во Amazon Prime, па дефинитивно има желба традиционалниот модел да биде зачуван.

Netflix, сепак, продолжува да избегнува слично однесување, а тоа предизвикува проблеми, цени режисерот.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Филм & ТВ

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе