Спотов е толку лош, што е премногу добар
Ѕвездата на серијата „Baywatch“ Дејвид Хаселхоф заедно со екипата од филмот „Guardians of the Galaxy“ направија песна и спот „Galaxy Inferno“ во стилот на 70-тите и 80-тите што е толку лош, што е премногу добар и не можете да не го гледате, одново и одново.
Евтините специјални ефекти, светкавите костими и сјајна шминка, во комбинација со мелодијата се совршено „ретро уметничко дело“. Во видеото покрај Хаселхоф се појавуваат и Крис Прат, Зои Салдана, Пом Клементиф, Мајкл Рукер и други ѕвезди.
Може да ни кажете „фала“ и подоцна, во ред е.