ФИБА МУНДОБАСКЕТ 2023 ФИЛИПИНИ/ЈАПОНИЈА/ИНДОНЕЗИЈА

Србија го фати последниот воз - познати сите учесници на МундоБаскетот

Со синоќешното доигрување на европските квалификации се пополни и последното преостанато празно место на МундоБаскетот 2023.

Отвореното прашањето беше дали на завршницата ќе патува Србија или Белгија. Свете репрезентации беа во реазлични квалификациски групи, со тоа што Србија сама си ја одлучуваше судбината бидејќи со победа обезбедуваше пласман. Во Александар Николиќ арената во Белград, Србите со 101:?83 ја средија Велика Британија и букираа место на завршницата.

Белгија дури не успеа ниту да победи, гуибејчќи ан свој терен од Турцијка со 54:82. На Белгија ѝ беше потребна победа, но и Србија да загуби.

Така, сега се познати сите репрезентации учеснички на МундоБаскетот кој од крајот на август ќе се игра во три азиски држави на Западниот Пацифик.

Сите 32 учесника на овогодинешниот МундоБаскет:

Домаќини:

  • Јапонија
  • Филипини

Европа:

  • Финска
  • Германија
  • Латвија (дебитант)
  • Италија
  • Шпанија (актуелен светски и континентален шампион)
  • Словенија
  • Литванија
  • Франција
  • Грција
  • Грузија (дебитант)
  • Црна Гора
  • Србија

Африка:

  • Брег на Слонова Коска
  • Јужен Судан (дебитант)
  • Египет
  • Ангола
  • Зелен 'Рт (дебитант)

Азија/Океанија:

  • Нов Зеланд
  • Либан
  • Австралија (континентален шампион)
  • Кина
  • Јордан
  • Иран

Северна/Јужна Америка:

  • Канада
  • САД
  • Мексико
  • Порторико
  • Доминиканска Реп.
  • Венецуела
  • Бразил

Освен Јапонија и Филипини, кодомаќин е и Индонезија, чие учество беше условено од ФИБА. Со оглед на слабата репрезентација, ФИБА ѝ наложи на Индонезија дека ќе игра на МундоБаскетот само доколку репрезентацијата покаже напредок и заврши во првите 8 на последното Азиско првенство, што за малку не се случи. Така, за прв пат во историјата еден домаќин нема да игра на првенството што го организира.

Од континенталните шампиони не успеа да се квалификуваат дури два - Аргентина и Тунис.

МундоБаскетот 2023 ќе се игра од 25 август до 5 септември во 5 градови, и тоа: Манила, Кезон, Пасај (Филипини), Џакарта (Индонезија) и Окинава (Јапонија).

Жрепката за групите на завршницата ќе се одржи на 29 април во „Смарт Аранета Колисеум“ арената во Кезон, Филипини. 32-та учесника ќе бидат поделени во 8 групи, секоја со по 4 резпрезентации. ФИБА претходно соопшти дека САД ќе играат на Филипини, Словенија во Јапонија, додека Канада во Индонезија - сето ова од „комерцијални причини“.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Кошарка

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Read more
 

Спорт

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе