Среќен роденден, Тоше

На денешен ден, пред 40 години е роден Тоше Проески, најпознатата македонска музичка ѕвезда. Тој го загуби животот во трагична сообраќајна несреќа во Хрватска, на 16 октомври 2007 година.

Тоше е роден во Прилеп во 1981 година. Музичката кариера ја започнал со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отвориле песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998).

Тој бил претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освоил 14-то место. Во 2004 година, Проески бил именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издал песната „За овој свет“.

Ги објавил албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ден за нас“ (2004), „По тебе“ (2005), „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007). Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓале на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.

Remote video URL

Негови најпознати хитови се „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце не е камен“, „Кој ли ти гризе образи“ и други. Тоше ги привршувал студиите на Музичката академија во Скопје и работел на музичката кариера во светски рамки.

Remote video URL

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Постхумно, Владата на Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин на државата, а во Крушево во негова чест е изграден меморијален центар што го носи неговото име.

реклама

МК сцена

SMUT го објави новиот сингл Еден Ден

Read more

Најубавите цитати од Тоше Проески за љубовта и животот

Read more

„Као какао“ на Леб и сол по 35 години повторно на винил

Read more

Трпчески: Најголемата награда е кога ќе ја видите среќата на публиката

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Како се снимаше Lord of the Rings

Читај повеќе

Дени Мастерсон прогласен за виновен за силување

Читај повеќе

Која е Нур Алфала, со која Ал Пачино ќе има дете?

Читај повеќе
  • play_arrow

Сè што е погрешно со „Малата сирена“

Читај повеќе

Почина Драги Христов - Шпага

Читај повеќе

Ал Пачино ќе се придружи на клубот стари татковци

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за John Wick Chapter 4

Читај повеќе

Актери и актерки кои пораснале во сиромаштија, а денес се светски ѕвезди

Читај повеќе
  • play_arrow

Судот одлучи: Сцената од филмот „Romeo and Juliet“ не е детска порнографија

Читај повеќе