Српски научници открија како влијаат гените при зараза со COVID-19

Научниот тим од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Белград, во рамките на проектот на Специјалната програма за истражување COVID-19 финансиран од Фондот за наука на Република Србија, ја открива врската помеѓу гените и подложноста на COVID-19.

Фото: Фонд за науку

Проектот AntioxIdentification предводен од проф. д-р Татјана Симиќ, редовен професор на Медицинскиот факултет и дописен член на САНУ, излезе со резултати кои ќе овозможат персонализиран пристап во лекувањето на пациентите во иднина. Како дел од редовниот мониторинг на реализацијата на проектот, српскиот Фонд за наука (Фонд за науку) го посети овој истражувачки тим и лабораториите во кои тие вршат истражувања.

„Кај пациентите, коронавирусот предизвикува оксидативен стрес придружен со зголемено производство на слободни радикали кои ги оштетуваат липидите, протеините и молекулите на ДНК. Сепак, нашите клетки имаат одбранбени механизми во форма на антиоксидантни ензими кои ги неутрализираат слободните радикали. Гените кои ги кодираат овие ензими имаат различни форми, а истражувањето на гените покажа дека пациентите со COVID-19 кои носат генотипови со помала антиоксидантна ензимска активност и следствено помал антиоксидативен капацитет имаат поголема подложност на COVID-19, како и повисоки нивоа на воспаление и коагулација“, истакна проф. д-р Татјана Симиќ, додавајќи дека дел од нивните резултати биле признати од Светската здравствена организација.

Благодарение на средствата на Фондот за наука, овие научници изолирале ДНК од крвта на над 500 испитаници и формирале ДНК биобанка која им послужила како материјал за генотипирање на пациентите и контролните групи. Извршени биле околу 9.000 генетски анализи за кои клични биле опремата и материјалите набавени во рамките на проектот.

При надзорна посета на д-р Милица Ѓуриќ Јовиќиќ, в.д. директорка на српскиот Фонд за наука, ја истакна важноста на овие научни резултати кои можат да помогнат во подобро разбирање и борба против коронавирусот.

„Проектниот тим на проф. Симиќ е многу корисен, добро организиран и исклучително мотивиран. Иако научниците се соочија со бројни пречки поради пандемијата на коронавирусот, проектот се одвива според планот и научниот тим веќе постигна значителни резултати. Здравствената организација ја вклучи нивната работа во препорачаната литература за COVID-19“, истакна д-р Ѓуриќ Јовиќиќ, додавајќи дека средствата од проектот вложени во опремата овозможиле да се реализираат потребните истражувања.

„Опремата останува долгорочна инвестиција на институцијата и таа ќе им служи на научниците уште многу години за идни истражувања. За време на мониторинг посетата разговаравме со раководителот и тимот за тоа што би било природно продолжение на проектот и што е уште потребно од дополнителна опрема. Мониторинг посетите ни овозможуваат увид во важните истражувања, а тие се многу важни и поради подготовката на нови програми“, заклучи д-р Милица Ѓуриќ Јовиќиќ.

Во преостанатите пет месеци од проектот, 12-члениот проектен тим AntioxIdentification планира да го заврши клиничкото следење на невролошките и срцевите компликации како показател за долгорочен COVID-19. Буџетот на проектот е 169.330 евра.

Ова истражување е финансирано од Научниот фонд како дел од проектот SAIGE на Светската банка.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе