Српски туристи цела ноќ чекале за влез во Грција пред да се затвори границата

Огромни редици возила и заглавени автомобили во неутралната зона, беше рано утрово сликата на грчко-бугарската граница, откако српски туристи уште од полноќ пристигнале на граничниот премин „Промахонас“ (Кулата) и чекале речиси цела ноќ, за во Грција да влезат пред 6 часот, односно пред да стапи во сила забраната за влез на државјани на Србија.

Според грчките медиуми околу 40-50 автомобили со туристи од Србија, во поголемиот број семејства биле заглавени во неутралната зона на бугарско-грчката граница, откако не успеале да влезат во Грција пред 6 часот.

По реакциите од туристите, од грчка страна, како што објави телевизијата Open, околу 8 часот утрово, бил направен исклучок, рампата била крената и оние кои биле заглавени меѓу двата гранични премини започнале да влегуваат во Грција.

Дел од српските туристи, за грчките медиуми велат дека тргнале од Белград, одморот им бил планиран од претходно, а цела ноќ чекале за влез .

– Решени сме да чекаме, додека не нѐ пуштат, вели туристка од Србија за грчката телевизија ЕРТ, која објаснува дека чекаат над седум часа, односно на границата стигнале на полноќ.

Алтернативната портпаролка на грчката Влада, Аристотелиа Пелони, вчера попладне соопшти дека од 6 часот утрово, до 15 јули 2020 година, во Грција ќе биде забранет влез за српски државјани, а официјална Атина во соработка со експертите ја следи епидемиолошката ситуација во ЕУ и останатите земји во светот.

– Во овој контекст, Грција, во соработка со партнерите во Европската унија го задржува правото да ја ревидира нејзината политика. Врз основа на анализата на епидемиолошките податоци, беше одлучено да се одложи, од понеделник 6 јули 2020 година во 6 часот до 15 јули, влезот на државјани на Србија во Грција, од сите влезни точки. Единствен исклучок се есенцијалните причини за влез, соопшти Пелони.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе