ССНМ: Недозволиво е пратениците да етикетираат новинари

Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ) смета дека е недозволиво и осудува политички партии и нејзини пратеници да етикетираат и омаловажуваат новинари.

ССНМ ги посочува изминатите неколку дена кога, како што наведува, тоа се правеше кон вработените во телевизија Телма од страна на партиите ВМРО-ДПМНЕ и Левица и нивни пратеници.

– Јавното етикетирање на телевизијата како „купена од власта и режимска” и слични други политички конотации и навреди упатени од страна на партиите и политичарите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица кон вработените во телевизијата, ССНМ го смета за директен притисок врз слободата на изразувањето, работата на медиумите и нивната уредувачка политика. Дополнителна тежина на тоа дава и фактот што за етикетирањето е употребена собраниската говорница што според ССНМ е злоупотреба на Собранието за вршење притисок и омаловажување на медиум, во случајов телевизија Телма, наведува ССНМ.

Синдикатот бара од првиот човек на Собранието во иднина да реагира на вакви притисоци и напади врз медиуми изговорени од собраниската говорница со оглед на тоа што во Кодексот на пратениците јасно стои: „пратениците да не користат зборови и изрази со кои ќе повреди или омаловажи други лица, човечко достоинство и ќе предизвика омраза, нетолеранција и насилство“.

ССНМ од политичарите и партиите бара во својата политичка реторика и дебата со  политичките неистомисленици да не ги инволвираат медиумите, односно новинарите со етикетирање и напади врз нив. Во спротивно, ССНМ ќе ги смета партиите и политичарите за одговорни за сѐ позачестениот политички говор на омраза кон новинарите, но и за нарушување на угледот и самоцензура кај новинарите.

– Потсетуваме дека работењето на медиумите е регулирано со Законот за Аудиовизулени медиумски услуги, постојат независни тела за оценување на стандардите и етиката во работењето на медиумите, до кои секој, вклучително и политичарите и политичките субјекти, можат да поднесат претставка доколку сметаат дека некој медиум го прекршил законот или стандардите, наместо јавно политички да ги етикетираат медиуми, на што бевме сведоци изминативе денови. Истовремено апелираме и бараме од медиумите и новинарите да не се инволвираат во политички и бизнис релации и пресметки и да се водат единствено од професионалните и етички начела во извршувањето на работата, стои во соопштението на ССНМ.

Претходно денеска со силна осуда излезе и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) според кое, јавното етикетирање на медиумите и новинарите, посебно од страна на високи претставници на политички партии и пратеници, ја загрозува слободата на медиумите и е промоција на обиди за цензура и самоцензура.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе