Авто новости

Светски автомобил на годината: Mazda MX-5 Miata

25. март 2016 - 10:09 | Д.П.

На саемот на автомобили во Њујорк се одржа доделувањето на награди за најдобар автомобил на годината во светот, а признанието му припадна на моделот Mazda MX-5 Miata.

Комисијата од 73 меѓународни новинари одлучи оваа година титулата да му припадне на компактниот кабриолет Mazda Mx-5. Покрај тоа, јапонскиот кабриолет ја освои и наградата за најдобар дизајн на годината.

Toyota Mirai, ја доби титулата за зелен автомобил на годината откако освои повеќе поени од BMW 330e, Chevroleta Volt, Toyota Prius и Volkswagen Passat GTE.

Audi R8 Coupe е прогласен за автомобил со најдобри перформанси, а конкуренција му беа Chevrolet Camaro, Honda Civic Type R, Mercedes-AMG C63 Coupe и Range Rover Sport SVR.

BMW Serija 7 ја доби титулата за најлуксузен автомобил на годината, а зад себе ги остави Audi Q7, Jaguar XF, Mercedes GLE Coupe и Volvo XC90.

 

 

Коментирај