СЗО потврди дека лекот ремдесивир не делува врз коронавирусот

Истражувачи за Светската здравствена организација (СЗО) детално ги испитале антивирусните лекови што им се даваат на болните од COVID-19, надевајќи се дека тие ќе се покажат ефикасни во борбата против заразата, меѓутоа, истражувањето дало сосема спротивни резултати.

Истражувањето било спроведено за да се утврди ефикасноста на четири антивирусни лекови – Ремдесивир, Хидрохлорокин, Лопинавир и Интерферон, како лекови што во моментов се користат за лекување на хоспитализираните пациенти со COVID-19. Студијата опфатила 11.266 пациенти со COVID-19 примени во 405 болници во 30 земји. Истражувањето го спровеле истражувачи од Универзитетот во Минесота, а е објавено во медицинското списание „New England Journal of Medicine“, на почетокот на месецот.

Главната цел на истражувачите била да се процени смртноста на пациентите во болниците, но, исто така, и да се испита колку долго пациентите престојуваат во болницата и во кои случаи завршуваат на респиратори. Студијата открива дека ниту еден лек што моментално се користи не е од корист за овие пациенти.

Претходните истражувања, што не беа толку обемни, покажаа дека овие лекови може да имаат некои придобивки за пациентите со COVID-19, но новото истражување не успеа да ги потврди претходните наводи.

Новите откритија ќе имаат големо влијание врз третманот на пациенти со коронавирус ширум светот. СЗО препорачува кортикостероидите, како што е дексаметазон, да им се даваат на тешки и критични пациенти, орално или интравенски. Лекот, меѓутоа, не се препорачува за лесни случаи.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе