СЗО: Светот изгуби скоро 337 милиони години од човечките животи поради COVID-19

Макфакс
/ 20.05.2023 / 14:46

Пандемијата со COVID-19 предизвика загуба на речиси 337 милиони години од човечките животи во првите две години, бидејќи милиони луѓе починаа прерано без да го исполнат својот животен век, соопшти Светската здравствена организација.

Годишниот извештај на здравствената агенција на ОН за светската статистика покажува и зголемена закана од незаразните болести како што се срцевите заболувања, ракот и дијабетесот.

Најдраматичното откритие, засновано на податоците до 2022 година, е проценката за тоа колку години живот однесе COVID-19, соопшти СЗО.

Пандемијата предизвика хаос ширум светот и официјално уби речиси 7 милиони луѓе, а се верува дека вистинската бројка е поблиску до 20 милиони.

Извештајот на СЗО открива како самиот вирус и поширокото влијание на кризата нагло ги нарушиле животите на милиони луѓе.

Иако СЗО официјално забележа 5,4 милиони смртни случаи од ковид во 2020 и 2021 година, бројките за зголемена смртност покажуваат дека околу 14,9 милиони луѓе всушност умреле поради здравствената криза во тој период.

Можеби уште повпечатливо, рече таа, статистиката покажува дека само во тие две години, COVID-19 резултираше со загуба на 336,8 милиони години живот на глобално ниво, кои инаку би биле доживеани.

„Тоа е како да губите 22 години од животот за секоја прерана смрт“, изјави за новинарите Самира Асма, помошник директор на СЗО за податоци и анализи.

реклама

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Read more

Саем на мебел 2025: Инспирација за секој дом од 26 до 30 март во Скопје

Read more

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: Ова е изневерување и предавство

Read more

Дончиќ го претрпе првиот пораз со Лејкерс, нов трипл-дабл за Јокиќ

Read more

Свет

Медведев: Бајден го доведе светот на работ на апокалипсата

Read more

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: Ова е изневерување и предавство

Read more

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Read more

Потврдено: Во Украина убиен првиот платеник Швајцарец

Read more
 

Вести

Медведев: Бајден го доведе светот на работ на апокалипсата

Читај повеќе

Акција за собирање кабаст отпад на локации во Пролет, Водно и Буњаковец

Читај повеќе

ЛДП: Предлагаме поставување на рисот како консензуално решение за новиот државен грб

Читај повеќе
  • play_arrow

Уапсена 22-годишна чаирчанка: При претрес во нејзиниот дом пронајдена марихуана

Читај повеќе

Општина Аеродром започна со бесплатен скрининг на тироидна жлезда кај деветтоодделенците

Читај повеќе

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: Ова е изневерување и предавство

Читај повеќе

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Читај повеќе

Центар и Аеродром денеска без струја

Читај повеќе

Променливо облачно време со повремен локален снег претежно во планинските региони

Читај повеќе