Внимателно со климатизерите: Кога наместо олеснување, се закана по здравјето?
Клима-уредите може негативно да влијаат на здравјето на луѓето доколку не се користат правилно и доколку не се одржуваат (не се чистат) редовно, а многу луѓе не се придржуваат до упатствата за работа.
Денешниот начин на ладење на просторот е измислен, не затоа што на луѓето им било многу топло, туку за да се зголеми квалитетот на работата на една печатница од Бруклин.