Разладување: Под клима поудобно, со вентилатор поевтино

Александра Спасеска
/ 17.08.2020 / 19:34

Кога ќе дојдат летните горештини, речиси секое домаќинство се соочува со проблемот разладување.

Ги пресметуваме трошоците, мериме квадратура, се обидуваме да најдеме решение како да се оладиме без да го оптовариме семејниот буџет. Одредени градби е лесно да се оладат и со струење на воздухот или со обичен вентилатор, додека други, особено зависно од местоположбата и изложеноста на сонце, може да се разладат само со клима-уред или инвертер.

Логично е дека вентилаторите трошат неспоредливо помалку струја отколку клима-уредите, а и самиот апарат е поевтин. Но, мора да имате предвид дека вентилаторот не разладува, туку само го распоредува воздухот. Поудобната варијанта е клима уред, па поставете си го прашањето дали вашата удобност има цена?

Клима-уред кој работи 12 часа дневно, 120 дена во годината, троши околу 3420 kW, а вентилатор кој работи 12 часа дневно, 120 дена во годината, ќе потроши вкупно 432 kW, што значи дека вентилаторот троши околу седум пати помалку струја.

Енергетска математика

Во 2017 година, ЕВН ги советуваше своите корисници кои апарати и уреди во домаќинството трошат најмногу струја и кога. Во прилогот се наведуваше дека најголемите потрошувачи се наоѓаат во кујната - фрижидерот и шпоретот. Фрижидерот троши многу затоа што мора да работи нон-стоп, а шпоретот затоа што за еден час повлекува најмногу електрична енергија.

Податоците од Енергетската математика, проект кој беше дел од платформата за енергетска ефикасност на "ЕВН Македонија", покажуваат дека фрижидерот месечно троши 108 киловат-часови, додека шпоретот, со само еден час работа во денот, троши 120 киловати електрична енергија секој месец. Ако ја вклучуваме секој ден, машината за садови ќе биде на трето место по потрошувачка и во месецот ќе ни потроши 90 киловати струја.

„Доколку употребувате машина за садови, ви препорачуваме да ја избегнете програмата за сушење и да ги извадите садовите да се сушат надвор. На овој начин ќе заштедите на вашата сметка за електрична енергија. Исто така, нареден пат кога ќе правите генералка не заборавајте да го исчистите задниот дел од фрижидерот. Доколку е полн со прашина, ќе му биде потребно поголемо количество на електрична енергија за да работи, а воедно и вашата сметка ќе биде поголема“, советуваат од ЕВН.

Ако бојлерот го вклучувате секој ден по еден час, месечно ќе ви потроши 60 киловат-часови со што тој доаѓа на четврто место по потрошувачка на електрична енергија.

Како големи потрошувачи на електрична енергија се и сијалиците во домот. Пресметките покажуваат дека тие месечно трошат 45 киловати.

По нив следува машината за перење алишта со 36 киловати, па пеглата, правосмукалката и телевизорот.

"Кога пеглате, секогаш пеглајте повеќе алишта одеднаш, не едно по едно и користете обична пегла наместо на пареа, обичните пегли се поефикасни. Пеглата иако е мала, со секое загревање многу троши. Знаете ли дека плазма екраните, во споредба со останатите екрани, користат најголема количина на електрична енергија? Просечниот плазма екран користи 400 вати електрична енергија, додека пак на ЛЦД-екранот му се потребни околу 180 вати", велат од ЕВН.

Бонус совети за заштеда на електрична енергија

Со зголемувањето на цената на електричната енергија и нејзиното севкупно влијание врз животната средина, свеста за нејзиното рационално користење е зголемена. Сѐ со цел порационално користење, има неколку работи кои секој од нас може да ги примени за да има енергетски поефикасен дом, а со тоа и помали сметки за електрична енергија.

Блогот еnergetskaefikasnost.info, специјализиран за енергетска ефикасност, алтернативни извори на енергија и одржлив развој, споделува 10 Совети за штедење на електрична енергија.

Мерките претставени во текстот не баарат дополнителни инвестиции и нивната ефективност зависи од тоа колку ние сме подготвени да се придржуваме до нив.

  1. Еден од најголемите потрошувачи во домот е рерната. Вклучувајте ја само кога е неопходно. Значително помалку енергија ќе се потроши ако се користи ринглата, а не рерната.
  2. Машината за перење е исто така еден од поголемите потрошувачи на електрична енергија во домот. Доколку е делумно наполнета за истата енергија ќе испере помалку облека. Исто така денес е возможно со помош некои детергенти да се пере и на пониски температури што би значело помала потрошувачка на енергија.
  3. Добар дел од работите што важат за машината за перење на алишта важат и за машината за перење на садови. Таа треба да се пушта во употреба само кога е целосно наполнета. Исто така доколку има опција за кратко и економично миење треба да се одбере таа опција.
  4. Системот за греење. Доколку системот за греење е опремен со термостат треба да биде поставен на околу 20 степени. Навечер доволно е да биде на околу 15 до 17 целзиусови степени со што би се генерирарала дополнителна заштеда. Така, на тој начин наутро за кратко време системот за греење би постигнал 20 степени.
  5. Не го оставајте мониторот или компјутерот на “stand by” или пуштени кога не се во употреба. Со самото тоа тие трошат енергија речиси исто како да ги работите.
  6. Фрижидерот треба да биде поставен на ладно место подалеку од каков било топлински извор. Кога се вели топлински извор се мисли на шпорет, печка или слично. Исто така, пожелно е да не биде изложен на сончево зрачење.
  7. Користете ја топлата вода од бојлерот рационално. Пожелно е кога еднаш се загрее бојлерот, што повеќе луѓе да ја искористат водата во побрз временски период. Што повеќе се чека, толку бојлерот повеќе би се изладил и би морало повторно да се вклучува за да се загрева. Со оглед дека бојлерите имаат минимум грејачи од 3 kw тогаш повеќе од јасно е за колкава заштеда станува збор.
  8. Внимавајте на осветлувањето и дали е потребно да биде вклучено во некоја просторија или не. Често пати децата или тинејџерите не внимаваат и оставаат вклучени светилки без разлика што тие не се во собата. Свртете им внимание на тој факт и укажете им на важноста на тоа.
  9. При готвење исклучете ја рерната или ринглата 5 минути порано. Речиси секогаш тие се доволно загреани и имаат акумулирано доволна топлина за да се доврши јадењето. Така, по 5 минути заштеда од секој зготвен оброк речиси секој ден би се направило голема заштеда на сметката за електрична енергија.
  10. Не го оставајте премногу време фрижидерот отворен. На секој фрижидер му требаат повеќе од 3 минути за да ја достигне саканата температура ако се држи отворен една минута.
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе