Внимателно со климатизерите: Кога наместо олеснување, се закана по здравјето?

Клима-уредите може негативно да влијаат на здравјето на луѓето доколку не се користат правилно и доколку не се одржуваат (не се чистат) редовно, а многу луѓе не се придржуваат до упатствата за работа.

Клима-уредот, како и сите електрични апарати, може да се запали. Не за џабе постои предупредувањето дека не треба да го оставате вклучен во текот на цела ноќ. Исто така, треба да се исклучува одвреме-навреме: често биле пријавени случаи на пожар поради спалување на клима-уред што не бил исклучен со денови.

Жештината изминативе две недели беше неподнослива, а оние кои немаат климатизери најдобро знаат колку било тешко да се функционира. Многумина посегнаа по далечинскиот управувач на клима-уредот, не помислувајќи кога последен пат ги исчистиле филтрите. Со механичко чистење на филтрите се отстрануваат микроорганизмите што остануваат на нив. Исто така, многу е важно редовно да го сервисирате уредот еднаш годишно во овластен сервис.

Нечистиот клима-уред е извор на бактерии и габи кои се распрснуваат во просторот додека работи уредот, што може негативно да влијае и на здравите луѓе, а особено на оние кои страдаат од алергии или астма. Најчеста причина за заболување е бактеријата legionella pneumophila која предизвикува инфекција на белите дробови чии симптоми наликуваат на грип (висока температура, главоболка, болки во мускулите, сува кашлица).

Несоодветната употреба на климата без повремено исклучување и вентилација, прекумерната разлика меѓу собната и надворешната температура може да доведат до разни воспаленија на слузокожата на горните дишни патишта. Како последица на сувиот воздух, може да се јави чувство на иритација во грлото, чешање во грлото, кашлање, болка во синусите.

Прекумерните разлики во надворешната и внатрешната температура може да доведат до состојба на „температурен шок“ при ненадејно влегување или излегување од просторијата.

Разликата во температурата на климатизираната просторија и надворешната температура е многу важна и ако е премногу голема, може сериозно да го загрози човековото здравје. Се препорачува разликата да биде 6 до 7°C (не повеќе од 10°C).

Видот на уредот е исто така важен

Не е неважно каков уред имате, бидејќи најголемиот процент од климатизерите не внесуваат свеж воздух однадвор, туку го вртат воздухот во просторијата, поради што чистотата на воздухот во климатизирана просторија зависи исклучиво од чистотата на филтрите во климатизерот.

Треба е да се овозможи природна вентилација на просторијата во текот на денот, со отворање на прозорците, со цел да се обезбеди доволна количина кислород и да се подобри влажноста на воздухот. Најдобро е да се проветруваат просториите во раните утрински часови и доцна навечер, кога температурата на воздухот е значително пониска од дневната.

Уште подобро е ако можете да купите уред што го заменува воздухот од внатрешноста на просторијата со свеж воздух однадвор.

Дали вентилаторите се штетни?

Вентилаторите не го ладат воздухот во просторијата, туку само овозможуваат струење на воздухот во просторијата. Помалку е познато дека вентилаторите можат да имаат негативно влијание врз здравјето затоа што додека дуваат, постојано се крева прашина и честички од полен од подот и другите површини во воздухот и така се влошува здравјето на луѓето кои се склони на алергии.

Кога користите вентилатор, многу е важно да се одржува добра хигиена во просторијата, редовно да се чистат подовите и површините каде што се задржува прашина со цел да се намали негативниот ефект од неговата работа.

Тагови
реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Здравје

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more
 

Магазин

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Читај повеќе

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Читај повеќе

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе