Ристовски: Можеме многу повеќе, ќе покажеме против Грузија
Напаѓачот Милан Ристовски, од кого се очекуваат голови против Грузија, вели дека македонската фудбалска репрезентација може многу повеќе од она што го покажа со Бугарија и Гибралтар и ветува дека тоа ќе го покажат в четврток.
Дури 6 голови на македонските интернационалци викендов
Изминатиов викенд беше богат за македонските фудбалери кои настапуваат во странство бидејќи дури петорица стрелаа прецизно во противничките мрежи, а еден асистираше.
Девет голови и асистенција за македонските фудбалски интернационалци викендов
Тричковски постигна два гола и тоа од белата точка, по еднаш стрелаа Ѓорѓев, Положани, Ристовски, Имери, Јаховиќ и Костовски, а Спировски запиша асистенција.
Осум голови на македонските интернационалци викендов
Тричковски и Махмудов стрелаа по двапати, деби со гол на Муслиу, Ристовски, Јаховиќ и Ѓорѓев по еднаш ја тресеа противничката мрежа, додека Тодоровски асистираше.
Четири голови и три асистенции за македонските интернационалци викендов
Македонски интернационалци викендов постигнаа четири голови и забележаа три асистенции. Алиоски погоди и асистираше, Спировски, Ристовски и Ејупи ги тресеа противничките мрежи, а Николов и Јакимовски помагаа.