Четири голови и три асистенции за македонските интернационалци викендов

Македонски интернационалци викендов постигнаа четири голови и забележаа три асистенции. Алиоски погоди и асистираше, Спировски, Ристовски и Ејупи ги тресеа противничките мрежи, а Николов и Јакимовски помагаа.

Англија
Езџан Алиоски погоди и асистираше во убедливата победа на Лидс на гости кај Стоук. Во 50-тата минута популарниот Џани зголеми на 2:0, а во 66-тата со помош на стативата му асистираше на Бамфорд за конелчни 3:0.

(на 1:08 голот, на 1:24 асистенцијата)

Италија
Никола Јакимовски забележа асистенција во гостинскиот пораз на неговиот Трапани од Асколи, во натпревар од Серија Би. Во 64-тата минута Јакимовски одлично му сервираше на Ферети кој израмни на 1:1, но потоа домаќинот даде два гола за победа.

(на 0:41)
Видеото можете да го погледнете тука.

Словачка
Милан Ристовски во 38-мата ѝ донесе водство на Нитра во дуелот против Дунајска Стреда, но на крајот се радуваа гостите откако направија пресврт и славеа со 2:1

(на 1:40)

Унгарија
Стефан Спировски се врати на зелениот терен по долгата пауза поради повредата заработена уште во ноември лани. И какво враќање имаше! Во 13-тата минута со одличен лоб го отвори резултатот носејќи му водство на Ференцварош кој сепак на крајот замина со убедлив пораз од 4:1 од гостувањето кај Пушкаш Академија.

(на почеток)

Унгарија
Бобан Николов запиша асистенција при првиот гол за Фехервар во победата од 2:0 на гости кај Пакш.

(на 1:40)

Хрватска
Музафер Ејупи го постигна водечкиот гол за Славен Белупо против Вараждин. Тоа сепак не беше доволно за триумф бидејќи гостите покасно израмнија.

(на 1:47)

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе