Тајни документи: САД го шпионирале првиот човек на ОН

Соединетите Американски Држави веруваат дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е премногу подготвен да им удоволи на руските интереси, според новите откритија по протекувањето на доверливи документи, објави денеска BBC.

Документите сугерираат дека Вашингтон внимателно го следел Антонио Гутереш. Неколку документи ја опишуваат приватната комуникација меѓу Гутереш и неговиот заменик. Ова е последниот случај на протекување на доверливи документи, а американските власти се обидуваат да откријат како се случило.

Документите содржат искрени забелешки на шефот на ОН за војната во Украина и голем број африкански лидери.

Еден документ се фокусираше на договорот за коридорот за жито во Црното Море, постигнат со посредство на ОН и Турција во јули за да се избегне глобална криза со храна. Документот сугерира дека Гутереш бил подготвен да ги прифати руските интереси.

„Гутереш настојувал да ја подобри извозната способност на Русија, дури и ако тоа вклучува санкционирани руски субјекти или поединци“, се вели во документот.

Неговите дејствија во февруари се сметаат за „поткопување на пошироките напори Москва да се повика на одговорност за нејзините активности во Украина“.

Важноста на договорот за жито

BBC објави дека висок функционер одбил да ги коментира објавените документи, но рече дека ОН се „водени од потребата да се ублажи влијанието на војната врз најсиромашните во светот“.

„Тоа значи да направиме сè што можеме за да ја намалиме цената на храната... и да се осигураме дека ѓубривото е достапно за оние земји на кои им е најпотребно“, рече тој.

Русија често се жалеше дека нејзиниот извоз на жито и ѓубрива е негативно засегнат од меѓународните санкции и најмалку двапати се закани дека ќе го суспендира коридорот за жито доколку не се решат нејзините грижи.

Руското жито и вештачко ѓубриво не се предмет на меѓународни санкции, но Москва тврди дека имала потешкотии да ги обезбеди резервите. BBC додава дека претставниците на ОН очигледно не се задоволни од американското толкување на напорите на Гутереш и тврдењата дека лидерот на ОН многу јасно го кажал своето противење на руската војна во Украина.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе