Тамара Котевска: Сега ни треба вистината за да ја преживееме целата бесмислена уметност

Режисерите на „Медена земја“, Тамара Котевска и Љубо Стефанов, како и продуцентот Атанас Георгиев, присуствуваа на настан за претставување на документарците номинирани за Оскар годинава, во организација на Американската академија за филмска уметност и наука.

Настанот се одржа во текот на неделата пред доделувањето на Оскарите на 9 февруари.

Во категоријата Најдобар документарен филм „Медена земја“ влезе во потесниот избор за номинација од 159 документарци. Конечно, филмот беше номиниран заедно со American Factory (кој го освои Оскарот во оваа категорија), The Cave, The Edge of Democracy и For Sama.

Кинематографијата за филмот кој исто така беше номиниран и за Најдобар странски филм, е на Фејми Даут и Самир Љума.

Пред претставувањето на документарецот, Котевска сподели едно лично видување за состојбата на уметноста, а поконкретно филмската уметност.

„Завршија времињата кога на овој свет му требаше уметност за да ја преживее вистината. Сега сметам дека нештата се променија. Сега навистина ни треба вистината за да може да ја преживееме целата бесмислена уметност што ни го одзема вниманието“, рече Котевска во воведниот говор.

Во продолжение погледнете ја снимката од настанот на кој се претставија екипите на номинираните документарци. Обраќањето на екипата на „Медена земја“ почнува во 1:50:30.

реклама

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе