Таравари: Избори на крајот на јули или на почетокот на август

За доброто на граѓаните најдобро е изборите да се одржат на крајот на јули или на почетокот на април. Со ваков став Алијансата за Албанците ќе оди на денешната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски, истакна синоќа генералниот секретар на партијата и градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари.

-За Алијансата прифатлив датум за избори е крај на јули или почеток на август. Годинава ретко некој ќе оди надвор на одмор, дури и туристичките места ќе бидат лимитирани со бројки. Се надевам дека ќе најдеме заедничко решение, бидејќи предлогот на СДСМ е некоректен, зошто Европската унија после 15 јуни ги отвора границите. Тоа нема да биде коректно кон граѓаните кои работат во странство и нема да може да дојдат да гласаат, рече Таравари во емисијата отвореното студио на ТВ24.

За Алијансата за Албанците, посочи, не е проблем да се оди на избори и за 10 дена, но, додаде, поради коронавирусот сметаме дека избори и кампања треба да има во периодот кога има највисоки температури, односно на крај на јули или на почеток на август.

-Ако се организира кампања, тоа значи отворање на ново жариште и нов бран кој ќе биде полош, рече Таравари и како пример ја даде Франција, каде, како што истакна, многумина се заразиле на изборите на почетокот на епидемијата, а повеќето од нив и починале.

Според него, тестирањето кај пациентите за присуство на коронавирусот е мало и мисли дека е тоа намерно зашто, како што посочи, некако се брза да се оди на избори.

Таравари смета дека џамиите треба да се отворат откако ќе се дадат одредени препораки и протоколи како да се однесуваат граѓаните, но потенцираше дека денес нема да оди во џамија.

-На почетокот на пандемијата требаше да бидеме рестриктивни, а сега треба да се вратиме во нормала и мора да живееме со вирусот. Властите дури и претеруваат со ограничувањата, а Македонија и Албанија се меѓу најрестриктивните земји, потенцира Таравари.

реклама

Македонија

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе