Телескопот Hubble ја откри досега најоддалечената ѕвезда

Вселенскиот телескоп Hubble ја откри светлината на ѕвезда што постоела во првите милијарда години по Големата експлозија, што е нов рекорд објавија астрономите, пренесе CNN.

Новооткриената ѕвезда, наречена Earendel, толку е далеку што на нејзината светлина ѝ требаа 12,9 милијарди години за да стигне до Земјата од времето кога Вселената била седум проценти од нејзината сегашна старост.

„На почетокот речиси не верувавме, беше многу подалеку од претходно најоддалечената“, изјави астрономот Брајан Велч.

 

URL

Претходниот рекорд е од 2018 година, кога универзумот бил стар четири милијарди години.

Како што се шири универзумот, во моментот кога светлината на далечните ѕвезди ќе стигне до нас, таа се протега до подолги, поцрвени бранови должини, феномен наречен „црвено поместување“.

Светлината на Earendel доаѓа од ерата наречена црвено поместување 6,2., а Велч тврди дека обично на овие растојанија, цели галаксии изгледаат како мали дамки, а светлината од милион ѕвезди се спојува.

URL

„Како да читаме многу интересна книга, но сме почнале од второто поглавје. Сега имаме прилика да видиме како сè почнало“, вели Велч.

Научниците велат, ако се потврди дека Earandel е една ѕвезда, нејзината маса е најмалку 50 пати поголема од Сонцето и милиони пати посјајна.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе