Телескопот Hubble можеби ќе преживее, НАСА ќе го вклучи резервниот компјутер

Вселенскиот телескоп Hubble сè уште има шанса да преживее откако американската вселенска агенција НАСА спроведе анализа во која се проценуваат потенцијалните фактори и ризици од префрлување на помошниот хардвер, што може да се случи оваа недела.

Ако сè се одвива според планот, НАСА се надева дека ќе го спаси „животот“ на вселенскиот телескоп Hubble. Експертите сè уште се обидуваат да ја утврдат причината за проблемот кој предизвика исклучување на компјутерот. Можно е да станува збор за деградација на меморискиот модул и ова е последниот проблем во низата големи и мали потешкотии на телескопот лансиран во 1990 година.

Експертите на НАСА во центарот за вселенски летови „Годард“ во Мериленд се обидоа да го рестартираат компјутерот, но тој повторно се исклучи и остана во таа состојба и покрај новите обиди за стартување. Една од опциите за обид да се оживее Hubble е да се префрли на резервниот компјутер, така што НАСА кон крајот на јуни и почетокот на јули изврши подготовки и направи тест процедури, а беа преземени неопходните чекори за активирање на помошниот хардвер на вселенскиот телескоп. Сега НАСА е подготвена да го префрли Hubble на резервниот компјутер, кој доколку се „оживее“, треба да работи уште неколку години. Нов вселенски телескоп наречен James Webb треба да биде лансиран оваа година после неколкугодишно одложување.

Сепак, James Webb има неколку недостатоци во споредба со неговиот претходник. Ќе биде стациониран многу подалеку од Земјата, па доколку НАСА треба да го поправи, ќе мора да инвестира повеќе ресурси и логистика отколку кога би бил во пониската орбита на Земјата. Покрај тоа, нема УВ можности, поради што НАСА ги повикува астрономите да спроведат што повеќе истражување засновани на УВ светлина.

Доколку повторно се активира, Hubble ќе остане во функција уште неколку години, а ако обидите за реанимација не успеат, НАСА може да го премести во позиција за евентуален влез и согорување во атмосферата на Земјата. Но, ако преживее, Hubble треба да послужи за уште неколку важни истражувања. Исто така, може да се пресели во повисоката орбита и да остане како потсетник на револуционерната астрономија.

реклама

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе