УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2023/2024

Тен Хаг се жали: Рашфорд престрого исклучен, многу одлуки беа против Јунајтед

Спектаклот во Копенхаген заврши фатално за Манчестер Јунајтед бидејќи младиот 17-годишен Бардаџи донесе пресврт и триумф од 4:3 за Данците во Лигата на шампионите. Имаше с на натпреварот, влегување на Палестинец на теренот, прекини, црвен картон за Маркус Рашфорд, ВАР одлука, пенали, а во сето тоа уживаа и гледачите на трибините и оние крај малите екрани.

Тренерот на Јунајтед, Ерик тен Хаг не беше задоволен од судиските одлуки на литванскиот судија Донатас Румсас, кој исклучувајќи го Рашфорд на крајот од првото полувреме му кумуваше на големиот резултатски пресврт.

„До исклучувањето игравме многу добро, водевме со 2:0, а потоа црвениот картон промени сè. Играта доби поинаков тек. Не сум сигурен дека судијата беше уверен во својата одлука“, рече Тен Хаг.

Експертите Овен Харгривс и Пол Сколс веруваат дека Рашфорд бил престрого исклучен.

„Тоа не е црвен картон ни за жива глава. Маркус ја стави ногата за да ја заштити топката. Кога ќе ја замрзнете сликата, изгледаше опасно, но во реалноста Рашфорд немаше намера да направи фаул. Тој беше само несмасен, тоа беше фаул, никако за црвен“, рече Харгривс.

Сколс додаде:

„Сите разбраа што сака да направи Рашфорд, тој ја спушти ногата за да ја заштити топката и стапна на ривалот. Тоа не е непромислен старт, туку дуел. Одлуката на судијата и неговото разбирање на ситуацијата го доведе во прашање целиот натпревар“.

Тен Хаг имаше директни замерки на двата гола на Копенхаген.

„Кај првиот гол имаше офсајд бидејќи играчот на Копенхаген беше пред Онана. Со пеналот, што да кажеме? Многу одлуки беа против нас. Но, како е - така е. Сезоната е долга“, заклучи Тен Хаг.

Remote video URL
реклама

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе