Tesla оствари рекорден профит во 2022 година

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla соопшти дека ја затворил 2022 година со најголем профит откако е основан, и покрај високата инфлација, забавената економија и тешкотиите во снабдувањето.

Нето добивката на компанијата на Илон Маск се зголеми повеќе од двојно минатата година, скокна на 12,6 милијарди долари, според деловниот извештај објавен во средата по затворањето на берзата.

Вкупните приходи се зголемија за 51 отсто на 81,5 милијарди долари. Нето добивката во четвртиот квартал забележа речиси ист процентуален скок, достигнувајќи 3,7 милијарди долари, исто така највисоко ниво откако Мартин Еберхард и Марк Тарпенинг ја основаа компанијата во 2003 година.

Еберхард тогаш изјави дека сака да изгради „производител на автомобили кој исто така ќе биде технолошка компанија“, издвојувајќи ги „батериите, компјутерскиот софтвер и патентираниот мотор“ како клучни елементи.

Вкупните приходи се зголемени за 37 отсто во четвртиот квартал од минатата година, на 24,3 милијарди долари. Во 2023 година, Tesla сака да го прошири производството „што е можно поскоро“, за 50 отсто, потврдувајќи ги претходните планови, се вели во извештајот објавен вчера.

Неодамна ја намалија цената на возилото, па инвеститорите стравуваа дека побарувачката може да попушта. Стравувањата уследија по одлуката на Маск минатата година да го финансира преземањето на Twitter во вредност од 44 милијарди долари со продажба на блок акции на Tesla. Во таков амбиент, акциите на Tesla минатата година завршија во минус за 65 проценти.

Remote video URL
Тагови
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Шефот на Вагнер му пиша на Шојгу: Ве предупредувам дека Украина подготвува жесток напад

Read more

Кои хороскопски знаци ги очекува невидена среќа и пари во април?

Read more

Авто новости

Објавен новиот план на ЕУ за забрана на дизелаши и бензинци

Read more

„Франкенштајн“ на тркала

Read more

Audi се откажува од уште еден легендарен модел

Read more

Ferrari го претстави Roma Spider: Платнен покрив на преклоп и 620 КС

Read more
 

Автомобили

Објавен новиот план на ЕУ за забрана на дизелаши и бензинци

Читај повеќе
  • play_arrow

„Франкенштајн“ на тркала

Читај повеќе
  • filter

Lamborghini Urus го помина ирскиот третман во Carlex

Читај повеќе

Audi се откажува од уште еден легендарен модел

Читај повеќе
  • filter

Ferrari го претстави Roma Spider: Платнен покрив на преклоп и 620 КС

Читај повеќе
  • filter

Aston Martin DB6 сега вози „на струја“

Читај повеќе
  • filter

Дигиталното Porsche Nebula 928 стана реалност

Читај повеќе

Како телото ви кажува дека сте премногу уморни за да возите?

Читај повеќе

На повидок „граѓанска војна“ во Европа поради забраната за возила на дизел и бензин

Читај повеќе