КУП НА МАКЕДОНИЈА 2023/2024

Тиквеш против Воска Спорт во Куп финалето

Филип Здравески
/ 17.04.2024 / 17:07

Откако денеска се одиграа реванш полуфиналните натпревари од Купот на Македонија познато е и кои екипи ќе се борат за пехарот на 22 мај.

Шкупи отпатува во Кавадарци откако првиот дуел во Чаир против Тиквеш заврши без голови. Кавадарчани го преполнија Градескиот стадион во обид да му помогнат на својот миленик да стигне до своето прво историско финале. Двете екипи имаа по некоја шанса, но 90 минути никој не успеа да го најде патот до противничката мрежа, па бидејќи вкупниот резултат остана 0:0 победникот мораше да се одлучи на пенали.

Во пенал серијата поуспешен беше Тиквеш кој ги реализираше сите пет пенали, додека кај гостите од Скопје клучна беше утката во првата серија кога домашниот голман Ариан Ренер му одбрани на Дарко Илиески.

Во скопската населба Ѓорче Петров екипата на Македонија ЃП, инаку бранител на пехарот, ја пречека Воска Спорт која од Охрид допатува со предност од 2:0. Уште во 13. минута гостите поведоа со вкупни 3:0 со голот на младиот Џемиљ Јахији. „Лавовите“ брзо се вратија израмнувајќи преку Самир Фазли во 25-тата, а комплетен пресврт направија во 64. минута кога Крсте Велкоски реализираше од белата точка откако гостинскиот голман Костадин Захов направи наивен прекршок за пенал над Бразилецот Роберту Нету. До крајот домашните се обидуваа, но не успеаја да постигнат трет гол и да го израмнат вкупниот резултат, па Воска Спорт за прв пат во својата историја се избори за финале.

Големото финале е закажано за 22 мај (среда), а ФФМ дополнително ќе донесе одлука на кој стадион ќе се игра и од колку часот, но се очекува да биде вечерен термин.

Со оглед на тоа што за двете екипи ова ќе биде прво куп финале, некоја ќе испише историја и за прв пат ќе игра во фудбалска Европа летово, поточно во квалификациите за Конференциската лига.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе