Тизер за петтата епизода од последната сезона на „Game of Thrones“
Вчера се емитуваше четвртата епизода од осмата и последна епизода на популарната серија „Game of Thrones“ насловена „The Last of the Starks“.
Веднаш потоа беше објавен тизерот за следната, петта епизода што ќе ги донесе фановите поблиску до долго очекуваното финале.
Осмата сезона се снимаше две години и се очекуваше со огромно нетрпение, па затоа фановите денес изразија големо незадоволство поради направениот продукциски пропуст во четвртата епизода: заборавена Starbucks чаша во сцена со Денерис.