Том Круз е најплатениот холивудски актер, заработува 7 илјади долари по изговорен збор

Том Круз е најплатениот актер во Холивуд, а земајќи ја предвид неговата заработка во текот на кариерата, објавена е и сумата што ја заработува по изговорен збор.

Актерските вештини на Круз во комбинација со неговата деловна острина и продукцијата на неговите сопствени филмови како „Mission Impossible“ му овозможија да добие процент од профитот, наместо само фиксна плата, од многу блокбастери во кои тој глумеше - со што се најде на врвот на листата на најплатените актери во Холивуд.

Помага и податокот дека тој е едно од оние имиња кои прават повеќе за промоција на филмот од сите други карактеристики.

Веб-страницата Casumo наведува дека, врз основа на досегашната заработка - не вклучувајќи го продолжението на „Top Gun“, Круз заработува 7.091 долари по збор, што во превод значи 205.639 долари за 10 секунди дијалог.

Актерите на второто и третото место, Курт Расел и Џони Деп, заработуваат „само“ 5.682 долари и 4.877 долари по изговорен збор. Кога станува збор за актерките, Камерон Дијаз, која сега е во пензија, „заостанува“ со 4.637 долари по збор.

Casumo не ги открива точните методи за пресметување на заработката, но ја зема предвид целата кариера на еден актер. Исто така, во пресметките за Круз не е вклучена заработката од филмот „Top Gun: Maverick“ кој излезе минатата година.

„Top Gun: Maverick“ не само што беше еден од најдобрите филмови во 2022 година, туку и еден од најпрофитабилните, со заработка од 1,489 милијарди долари со буџет од само 170 милиони долари. Следствено, заработката на Круз по збор до овој момент е веројатно повторно зголемена.

Тагови
реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Read more

Филм & ТВ

The Simpsons враќаат озлогласен лик од првата сезона

Read more

Први снимки од снимањето на 6. сезона на The Crown

Read more

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да ја гледате серијата You на Netflix?

Read more

Официјален трејлер за The Night Agent

Read more
 

Сцена

The Simpsons враќаат озлогласен лик од првата сезона

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки од снимањето на 6. сезона на The Crown

Читај повеќе
  • play_arrow

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да ја гледате серијата You на Netflix?

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за The Night Agent

Читај повеќе
  • play_arrow

Орландо Блум се распеа среде паб за Свети Патрик

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв трејлер за BEEF, новата серија на Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

10 моменти во Friends во кои се пронаоѓаме и денес

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Disney „рециклираат“ анимации?

Читај повеќе