Италијанскиот фудбалер Сандро Тонали се чини дека е вистински зависник од коцкање, па затоа веројатно уште долго нема да го гледаме на фудбалските терени.
Уште кога беше фудбалер на Милан, Тонали се обложуваше на фудбалски натпревари, а во октомври минатата година доби 10-месечна суспензија и поради тоа не може да игра за својот Њукасл, ниту на ЕУРО 2024 во дресот на Италија.
Но, се чини дека Тонали го загубил разумот кога пристигна во Њукасл на стартот од оваа сезона.
Имено, Фудбалската асоцијација на Англија отвори истрага против него поради сомневање дека се обложил најмалку 50 пати додека траела истрагата против него во Италија.
Истрагата го опфаќа периодот од 12 август до 12 октомври.
За време на судењето во Италија, Тонали призна дека учествувал во облозите, но дека не местел натпревари. Сепак, се чини дека во Англија Тонали активно учествувал во натпревар на кој се обложил.
Имено, Тонали дебитираше за Њукасл на 12 август, првиот ден споменат во обвинението, а многу сомнителна ситуација се случи во 2. минута од судиското надополнување во второто полувреме од тој натпревар против Астон Вила.
Тонали требаше да ја напушти играта за да влезе Елиот Андерсон, но Италијанецот намерно го одложи излегувањето иако беше на само неколку метри од аут-линијата.
На крајот, судијата Ендрју Мадли му покажа жолт картон, а со оглед на тоа што резултатот во тој момент беше 5:1 за Њукасл, немаше потреба да се задржува време, па истражителите сметаат дека Тонали намерно добил жолт картон поради обложување.
Тонали можел да се обложи дека ќе добие жолт картон, можел да се обложи и на 8 или повеќе картони на натпреварот, но и на идентичен број картони за играчите на Њукасл и Астон Вила, со оглед на тоа што тимот од Бирмингем пред таам 90+2 минута имаше 4, а Њукасл 3 жолти картони.
Ако навистина се докаже дека Тонали го наместил мечот на кој учествувал, го чека навистина тешка казна, а можеби никогаш повеќе нема да го видиме во дресот на Њукасл.