Доаѓаат божикните и новогодишните празници, за многумина најубавиот период од годината, а таа атмосфера бара и опуштање со добри празнични филмови.
Тимот на WatchMojo состави листа на најдобрите 20 божикни филмови на сите времиња. Одлична идеја за пополнување на слободното време кое овој пат ќе го имаме значително повеќе со оглед на сите рестрикции и ограничувања во обидот човештвото да го победи новиот коронавирус.
Од легендарниот „Home Alone“ до „Love Actually“, „Elf“, „It's a Wonderful Life“, „Rudolph the Red-Nosed Reindeer“ и други, доколку не сте гледале некој од овие најдобри божикни филмови, сега е одлично време да го чкртнете од листата.