Топ 5 најчести секс фантазии: Што се крие зад овие желби?

Петте најчести сексуални фантазии се покорност, доминација, егзибиционизам, воајеризам и групен секс. Повеќето луѓе не сакаат да направат ништо повеќе од фантазирање за овие желби.

Секс фантазиите се моќен начин за зголемување на возбудата и за размрдување на сексуалниот живот на двојките.

Многу луѓе фантазираат за време на сексот и тоа им помага да се ослободат од инхибициите или стресот и повеќе да се возбудат и да уживаат во сексот, објаснува секс терапевтот Иан Кернер од Њујорк.

Сексуалните фантазии им помагаат на луѓето да излезат од реалноста и понекогаш здодевното секојдневие, но тоа не значи дека сакаат овие фантазии да им се остварат.

Напротив, повеќето луѓе кои учествувале во разни истражувања на оваа тема рекле дека сакаат нивните секс да останат токму тоа – фантазии.

Петте најчести сексуални фантазии се покорност, доминација, егзибиционизам, воајеризам и групен секс. Што се крие зад секоја од нив?

Покорност

Во оваа фантазија, личноста ја возбудува помислата да биде покорна пред партнерот, односно партнерката. Врзување на рацете и/или нозете, ставање лисици, ставање превез на очите, давање наредби... Оваа фантазија е честа кај луѓе кои се на високи, одговорни функции и кои во текот на денот постојано шефуваат на некој друг, па во сексуалната фантазија сакаат целосно да се предадат во рацете на другиот.

Доминација

Спротивно од покорноста. Оној кој сака да доминира е оној кој сака да ја има контролата во сексуалната игра – да врзува, да наредува, да шефува. Најчесто за нешто вакво фантазираат луѓе кои се покорни во „обичниот“ живот.

Кернер вели дека овие луѓе многу често фантазираат дека се доминантни во сексот бидејќи голем дел од времето се чувствуваат немоќно.

Егзибиционизам

Во ваквите фантазии, луѓето си замислуваат дека некој ги „фатил на дело“, дека некој ги гледа како имаат секс, дека партнерот ги гледа како мастурбираат... Она што ги возбудува е чувството на ранливост. Најчесто егзибиционизмот како фантазија се јавува кај луѓе кои не се многу отворени, како во сексот, така и во емоционалниот живот.

Воајеризам

Една од почестите сексуални фантазии е воајеризмот – гледање на сексуален чин или самозадоволување. Чувството на возбуда расте со сознанието дека се навлегува во нечија интима, дека на некој начин сте дел од чинот. Луѓето кои имаат вакви секс фантазии се и големи љубители на порно, особено аматерски порно видеа.

Групен секс или секс во тројка

Кренер смета дека оваа фантазија има многу малку врска со вистинска желба за повеќе луѓе во сексуалната игра. Вистинската фантазија е да се гледа партнерот/партнерката во моменти на врвно уживање. Има и двојки кои заедно сакаат да присуствуваат на места каде има групен секс, но не и да учествуваат. Некои секс терапевти сметаат дека оваа фантазија е честа кај луѓе кои ги возбудува задоволството на другиот и се во постојана потрага по нови начини како да го задоволат другиот.

реклама

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Љубов и секс

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more

Венера влезе во Бик – љубовен ураган до 23 мај

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе