Торнадо ја опустоши западна Германија. Тројца загинати, 40 повредени, огромни штети

Торнадо го погоди западниот дел на Германија вчера попладне и најмногу штети предизвика во градот Падеборн, каде беа повредени најмалку 30 лица.

Според AP, властите соопштиле дека торнадото откорнало покриви на куќи, соборило дрвја, превртило возила... Според полицијата вкупно 40 лица се повредени, од кои десет потешко. Загинаа три лица.

Метеоролозите предупредија дека денеска во Западна и Централна Германија се очекуваат обилни врнежи од дожд и град и невреме со удари на ветер до 130 километри на час. Во четвртокот невремето веќе го прекина сообраќајот бидејќи ветерот корнеше дрвја. Дрвјата завршија на пругите и патиштата, а стотици подруми беа поплавени во Западна Германија.

URL
URL

„Помеѓу 30 и 40 луѓе се повредени, од кои најмалку 10 се со сериозни повреди“, соопшти полицијата во Падерборн по торнадото. Тие ги повикаа луѓето да останат во своите домови за да не им пречат на спасувачите или да ја загрозат сопствената безбедност.

Aufgrund des Unwetters ist es im Kreisgebiet teilweise zu schweren Schäden gekommen. Der Bahnverkehr ist beeinträchtigt,...

Posted by Polizei NRW Paderborn on Friday, May 20, 2022

Невремето ги опустоши и околните градови, при што загинаа три лица

Тешка штета од невремето е забележана и во блискиот град Липштад. Срушена е црковна кула во градот, а германската новинска агенција dpa објави дека повеќе од 100 луѓе се привремено задржани во локалниот отворен базен, откако соборените дрвја го блокирале излезот.

URL

Регионалната противпожарна служба соопшти дека сите расположливи спасувачи се распоредени во областа. Полицијата соопшти дека двајца француски државјани во Баленштет загинале откако нивниот параглајдерист бил фатен во силен налет на ветер по полетувањето.

Во Витгерт загина 38-годишен маж. Според полицијата, мажот при влегувањето во поплавениот подрум претрпел струен удар, поради што паднал и најверојатно ја скршил главата и починал на лице место.

Портпаролот на противпожарната служба изјави дека низ градот има уништени покриви и соборени дрвја. Искршени се прозорци, а има и автомобили уништени од паѓање на гранки. Некои дрвја се откорнати, објави општината Алтенбекен во близина на Падерборн.

URL

Сообраќајната линија меѓу Падерборн и Алтенбекен мораше да биде затворена поради гранки и дрвја на шините. Регионалниот и меѓуградскиот сообраќај е погоден и возовите се пренасочуваат, изјави портпаролот на железницата, според Fenix Magazine.

URL

Предупредувања за екстремно невреме

Поради лошото време, се урна врвот на црквата во областа Хелингхаузен. Ангажирани се околу 200 до 300 пожарникари. Противпожарната бригада на Липштад е поддржана од сили од неколку соседни градови.

Училиштата во западниот град Келн утрово беа затворени за учениците да имаат време безбедно да се вратат дома пред да започне невремето. На југ, во областа Ахрвејлер, сите училишта денеска останаа затворени.

URL

За целиот регион, германската метеоролошка служба DWD повремено издава највисоко ниво на предупредување за невреме 4 - екстремни грмотевици со град, силен дожд или екстремни урагани. Портпаролот на DWD рече дека биле примени неколку извештаи за торнада - не само од Липштад, туку и од Лиденшајд и Мешеде. Сепак, овие извештаи уште не се потврдени.

Невремето најпрво го зафати западниот дел на земјата, а во текот на вечерта ќе се движи кон исток.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе