Тоти: Во мое време се играше фудбал поради љубов, не за пари

Легендарниот фудбалер Франческо Тоти во интервју за Guardian зборуваше за разликите во фудбалот некогаш и денес, велејќи дека е невозможно да се споредат тие две времиња.

„Јас почнав да играм фудбал во друго време, кога овој спорт беше поинаков, полн со страсти и љубов кон навивачите. Ми беше лесно да играм за тимот за кој отсекогаш сум навивал, а секако не беше мала работа да бидеш 25 години во еден клуб“, вели Тоти.

Тој во интервјуто додаде:

„За да станете капитен и еден од најважните играчи во тимот секогаш мора да бидете на врвот на задачата. Поради тоа е тешко да се спореди моето време во фудбалот и ова сега. Фудбалот сега повеќе е бизнис кој зборува дека играчите треба да одат таму каде што ќе заработат повеќе пари“.

Тоти вели дека како дете мечтаел да игра за Милан.

„Кога бев дете, Милан беше највозбудливата екипа која некогаш сум ја гледал, можеби и единствената за која сум фантазирал да играм. Сепак, секогаш мојата одлука и само мојата одлука значеше каде ќе ја продолжам кариерата. Иако бев многу млад, знаев каде во иднина ќе играм - во Рома“, вели Тоти.

Во 27 години меѓу почетокот и крајот на кариерата како фудбалер во Рома играл 25 сезони во дресот на првиот тим, имал 786 настапи, 307 голови и 5 трофеи.

Со Рома во 2001 година бил шампион на Италија. Со Италија во 2006 година беше светски шампион. Во дресот на Италија играше во финалето на ЕУРО 2000, тогаш беше одбран за најдобар играч. Тоти пет пати бил најдобар италијански играч во Серија А, а еднаш и најдобар стрелец во Европа.

реклама

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Фудбал

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Read more

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Read more

Во Милан го бркаат, Наполи го сака: Пиоли ќе го воскреснува гигантот од југот?

Read more

На терен е ужас, но: Манчестер Јунајтед е највредниот клуб во светот

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Читај повеќе

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Читај повеќе

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Читај повеќе

Во Милан го бркаат, Наполи го сака: Пиоли ќе го воскреснува гигантот од југот?

Читај повеќе

На терен е ужас, но: Манчестер Јунајтед е највредниот клуб во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Јокиќ реагираше кога Шекил му рече дека не требало да биде МВП?

Читај повеќе

Што значеше пораката под дресот на Родриго?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ трет пат во кариерата е МВП во НБА

Читај повеќе

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе