Во Наполи сѐ е далеку од идеално. По шампионската сезона се очекуваше клубот во сопственост на Аурелио де Лаурентис да биде доминантна и конкурентна сила во Европа, или барем во Серија А. Сепак, ништо не може да биде подалеку од вистината.

Од заминувањето на Лучано Спалети, „Партенопеите“ минуваат низ прилично турбулентен период. Одамна се откажаа од титулата, а и Лигата на шампионите стана невозможна мисија.
Тројца стручњаци се обидоа да го сменат клупскиот моментум (последен во низата е Франческо Калцона), но никој од нив не успеа, па следната сезона најверојатно ќе очекуваме ново име на клупата на Наполи.
Де Лаурентис сега изгледа се одлучи за релативно докажан стратег, со оглед на тоа што La Gazzetta dello Sport пренесува дека главен кандидат е актуелниот тренер на Милан, Стефано Пиоли.
Наводно, „наполитанците“ му нудат двегодишен договор вреден 3 милиони евра по сезона. Ова е далеку помалку од 4-те и пол милиони што ги добива од „Росонерите“, но на стадионот „Диего Армандо Марадона“ се надеваат дека Италијанецот би прифатил послаб договор доколку добие отпремнина од Милан, поради предвременото раскинување на соработка. Од Пиоли не се задоволни во Милан, а веќе подолго време се шпекулира дека и тој е пред отказ, а тоа ќе чини.
Во секој случај, трансферот од Милано во Неапол може многу добро да се одрази на кариерата на стручњакот, кој го урна шампионскиот пост на клубот од Ломбардија. Во тимот на Де Лаурентис може да се покаже како победник - некој чие влијание ќе се почувствува уште веднаш, а исто така, сите знаеме колку се величаат оние што носат титули кај Наполи. Прашање е само дали ова ќе биде доволно Пиоли да прифати финансиски послаба понуда.