Трагични животни приказни на славни личности

Медиумите се преполни со приказни околу познати личности, но секогаш постојат стории кои пропуштиле да ги објават, или за кои едноставно не сакаат да пишуваат. Тоа можеби и не е толку необично, доколку не станува збор за некои од најистакнатите личности во светот на шоубизнисот.

Ники Минаж

Познатата раперка, чие вистинско име е Оника Тања Марај, родена е во 15-члено семејство во Тринидад, кое живеело во куќа со само три соби.

Кога имала пет години, нејзиното семејство се преселило во Квинс, каде нејзиниот татко, кој инаку бил проблематичен, почнал да зема крек и физички да ја злоставува нејзината мајка.

Еден ден подметнал пожар во нивниот дом, во обид да ја убие нејзината мајка.

Ники од домот во пламен се извлекла во последен момент.

Дени Трехо

Познатиот филмски разбојник поголемиот дел од својата младост ја поминал по затвори. Неговиот вујко го навлекол на марихуана кога имал само осум години, па од тогаш константно имал проблеми со полицијата која постојано го приведувала поради дрога.

Тоа, меѓу другото, не било без причина, бидејќи Дени станал и дилер на дрога, кој учествувал во вооружени грабежи за да си обезбеди пари за дрога.

Своите средношколски денови ги минал во затвор, каде прекинал да консумира дрога и станал еден од советниците. Иако од тогаш поминаа 40 години, Дени не и се врати на пороците.

„Се кулминираше во моментот кога бев во самица во затвор во Соледад и гледав во ѕид, на кој некој со измет напишал „Бог е с**ње“. Бев потполно гол и сфатив дека тоа е мојот животот. Тоа беше моментот кога конечно прогледав“, изјави Трехо.

Џек Ма

Милијардерот и основачот на компанијата Alibaba, Џек Ма, три пати се обидел да се запише на факултет, но без успех. Се пријавувал и на конкурси за 30 различни работи и на секој од нив неговата молба била одбиена.

Бидејќи отворил сопствена компанија, многумина му зборувале дека има „глупа идеја“ која е осудена на пропаст, но успеа да ги разубеди откако постави светски рекорд, во моментот кога иницијалната јавна понуда за неговата компанија му донесе 21,8 милијарди долари.

Том Круз

Таткото на Том бил насилник кој не бил во состојба да задржи една работа, поради што неговото семејство живеело во сиромаштија и постојано се селело. Во период од 12 години, Том променил дури 15 училишта, и во секое бил на мета на насилници.

Покрај целото тоа, имал и тешкотии со учењето. Дислексија му била дијагностицирана на само седум години, а средно училиште завршил како „функционално неписмен“.

Всушност, не научил да чита се до 26 години, а на аудициите импровизирал врз основа на информации кои успевал да ги извлече од режисери и продуценти.

Деми Мур

Познатата актерка порасна во проблематично семејство. Нејзните мајка и очув биле алкохоличари, а вистинскиот татко ги напуштил пред таа да се роди. Таа имала и проблеми со бубрезите поради што често одела по болници.

Училиштето го напуштила на 16 година и почнала да работи како модел.

Неколку години подоцна, нејзиниот очув ( за кого до 15 година мислела дека и е вистински татко) извршил самоубиство, откако претходно се развел од мајка и.

Со години се борела против зависност од алкохол и дрога, се додека режисерот Џоел Шумахер не и наредил да се „исчисти“ за да добие улога.

Били Холидеј

Легендарната блуз пејачка имаше исклучително тешко детство. Таа имала само 10 години, кога комшијата се обидел да ја силува.

На 11 години го напуштила училиштето, а на 12 работела како чистачка во еден бордел, во кој почнала да работи како проститутка на 14 години.

На 17 години настапила во еден клуб во Харлем, каде го привлекла вниманието на продуцентот Џон Хамонд.

Но, ниту тоа не бил патот до успехот, бидејќи Хамонд со месеци се обидувал да ги убеди издавачите да снимат нејзин албум, бидејќи нејзината музика не се вклопувала со блузот од тоа време.

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе