Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека веќе се смета за можно речиси 100.000 Американци да умрат од COVID-19, откако бројот на починати ги надмина неговите претходни проценки.
– Ќе изгубиме некаде од 75, 80 до 100 илјади луѓе. Тоа е ужасно, изјави Трамп за Fox News. Тој во петокот изрази надеж дека ќе починат помалку од 100.000 Американци, а на почетокот на минатата недела зборуваше за 60 до 70 илјади жртви.
Во САД досега има над 68.000 починати од COVID-19, а околу 1,2 милиони се заразени.