Треба да јадеме питони, велат научниците

Научниците во една нова студија испитуваа колку е исплатливо да се одгледуваат питони за храна и како тоа би влијаело на животната средина во споредба со конвенционалното сточарство.

Резултатите беа ветувачки: змиите брзо растеа, дури и кога не јаделе, и имаа добар сооднос на содржината на месо со консумираната храна (која вклучуваше пилешко и глодари).

Дополнително, питоните може да се хранат со отпадни протеини од други месни индустрии.

„Кога постат, питоните можат да ги регулираат метаболичките процеси и да ја одржуваат физичката кондиција, што ја зголемува безбедноста на достапноста на храна во нестабилни околности. Ова значи дека одгледувањето питони може да биде флексибилен и ефективен одговор на глобалната несигурност во храната“, рече херпетологот Даниел Натуш од Универзитетот Меквари во Австралија.

Змиите можат да постат неколку месеци без да изгубат голема телесна маса

Натуш и неговите колеги набљудувале размножување на два вида питони (Malayopython reticulatus и Python bivittatus) на фарми во Тајланд и Виетнам повеќе од 12 месеци. Тие откриле дека односот на консумирана храна со произведеното месо (каде помалите бројки значат поголема ефикасност) е 1,2, во споредба со 1,5 за лосос, 2,8 за живина, 6,0 за свинско и 10,0 за говедско месо.

Змиите можат да постат неколку месеци без да изгубат голема телесна маса, што ги прави идеални за размножување во услови каде залихите на храна не се загарантирани - што, за жал, е многу честа појава ширум светот, пишува Science Alert.

Сигурен и еколошки извор на храна

Се разбира, малку е веројатно дека наскоро во продавниците ќе се појават специјални полици со змиско месо, но резултатите од студијата покажуваат дека овие животни би можеле да бидат сигурен и еколошки извор на храна.

Тука е и прашањето за „гурманството“, односно колку е всушност вкусно месото од питон.

„Додадејќи го на ова стравот што луѓето го имаат од змиите, може да помине некое време пред да се препознае земјоделскиот потенцијал на питоните на глобално ниво“, велат научниците.

Истражувањето Python farming as a flexible and efficient form of agricultural food security беше објавено во списанието Scientific Reports.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Наука

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе