АБА2 ЛИГА 2023/2024

Трета победа за МЗТ во АБА2 лигата

Кошаркарите на МЗТ со нов триумф го завршија настапот на турнирот од АБА2 во Златибор, откако денеска го совладаа Борац од Бања Лука со 67:61.

Ова беше трета победа за аеродромци во петтиот меч сезонава во регионалното натпреварување.

МЗТ ја имаше контролата врз играта и резултатот во сите 40 минути, а клучната предност ја обезбеди во третиот период, кој го доби со 30:17. Клучна за триумфот беше серијата од 16:0 со која македонскиот шампион дојде до највисоките на мечот плус 19 (47:28).

Војдан Стојановски одново беше најпрецизен кај МЗТ со 15 поени и 5 асистенции, додека веднаш зад него беа Душан Танасковиќ со 14 поени и 5 скока, Дамјан Стојановски со 11 поени и 7 скока и Ејасу Ворку дабл-дабл учинок од 10 поени и 10 скока.

Составот од Аеродром сега има скор 3-2 во пресрет на третиот турнир следниот месец во Шибеник, каде што ќе ги одмери силите со Подгорица односно Спартак од Суботица.

Тагови
реклама

Кошарка

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе