Третина од европските Евреи потекнуваат од една жена

Истражувањата на древна ДНК даде нови факти за историјата на Евреите на тлото на Европа.

До ваков одговор дошол меѓународен тим на истражувачи кој анализирал геном на 33 припадници на Ашкеназите од средновековни гробишта во Германија.

Пред самиот крај на првиот милениум на просторот на Светото Римско Царство се формирала еврејска етничка група под името Ашкенази, која според некои проценки во XI век сочинувала само 3% од еврејската популација. Во наредните векови се развивала оставајќи зад себе неизбришлива трага и допринос кои ќе му бидат од корист на човештвото.

„Доколку денес ги споредите Ашкеназите од САД и Израел, тие се генетски многу слични, без разлика на тоа каде живеат тие делуваат како ист народ“, вели генетичарот Шаи Карми од Хебрејскиот универзитет во Ереусалим. Но, истражувањата на древната ДНК кои ги спровел Карми заедно со меѓународен тим на истражувачи покажува дека за разлика од денешната униформност, заедницата на Ашкенази во Ерфурт пред 600 години била генетски далеку поразноврсна.

„Нашата цел беше да ги пополниме празнините во нашето разбирање на раната историја на Ашкенази Евреите низ податоци добиени од древна ДНК“, објаснува Карми.

И успеале во тоа бидејќи сѐ покажувало дека т.н. „ефект на основач“ во овој регион се случил пред 14 века. До ваков заклучок дошле пред сѐ набљудувајќи ја митохондријалната ДНК - генетски материјал кој го наследуваме од нашите мајки, на чија основа откриле дека околу 30% од испитаниците делат една специфична секвенца. Со други зборови, раната еврејска популација на Ашкенази била толку мала што третина Евреи потекнуваат од една иста жена, доколку го набљудуваме потеклото по мајчина линија.

„Евреите во Европа биле религиозно малцинство кое било социјално дискриминирано, а на периоди доживувало и прогони“, вели генетичарот Дејвид Рајх од Харвард. Сепак, тие на почетокот од XIV век се населиле во Ерфурт и ја развиле една од најголемите заедници на Ашкенази во Германија.

Многу прашања остануваат без одговор, како она како средновековните ашкенаски еврејски заедници станале генетски различни, колку раните Евреи Ашкенази биле поврзани со Евреите Сефарди и како модерните Евреи се поврзани со оние од древна Јудеја?

Она за што авторите се согласуваат е дека оваа студија нуди добра основа за понатамошни проучувања.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе